Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
културно-рекреативна програма
Автор: cande Категория: Политика
Прочетен: 227129 Постинги: 58 Коментари: 63
Постинги в блога
<<  <  1 2 3 4
astrostoper праша: „a kamu bre SPONEMIK ZA BORBA PROTIV SPOMENICITE“ и предложи: „nadopolni gi predlozite so ovoj predlog“.

Во духот на толенцијата, дијалогот, соживотот, меѓуетнички односи, братството и единството, го поканувам astrostoper, во името на народот, да избере едно од понудените идејни решенија за СПОМЕНИК НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА БОРБА ПРОТИВ СПОМЕНИЦИТЕ.

Предлог бр.1. ГАЗОТ НА НАРОДОТ, во чест на првоборецот од Народно-ослободителната борбата против спомениците.

image

Предлог бр.2. ДИОГЕН, во чест на учесникот во Народно-ослободителната борбата против спомениците.

image

Прелогот бр.3. ТИХЕ или ФОРТУНА, во чест на независната интелегенција од Народно-ослободителната борбата против спомениците.

image

Прелог бр.3. АНТИЧКИОТ ПИЈАНИЦА, во чест на идеологот на Народно-ослободителната борбата против спомениците.

image

Предлог бр.4. ЏИНГИС КАН, во чест на врховниот командат на Главниот штаб на Народно-ослободителната борбата против спомениците.

image

image

image


Категория: Политика
Прочетен: 2577 Коментари: 0 Гласове: 2
СПОМЕНИК НА МЛАДАТА МАКЕДОНСКА ДЕМОКРАТИЈА

Kој политичар треба да биде претставен на Споменикот на младата македонска демократија?

Изборот е само еден, без разлика како ќе го наречете: папата на Свети СДСМ, Бранко Европски, или државникот кој заедно со својот Св.СДСМ ни покажал¬ како се создава држава, како се управува држава, како се брани држава…

image

image

image

Категория: Политика
Прочетен: 6032 Коментари: 0 Гласове: 0
СПОМЕНИК НА БОРБАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ.

Споменикот на борбата за зачуваање на уставното име треба да го содржи ликот и делото на македонскиот политачар кој дал најголем придонес за меѓународната афирмација на РМ.

Гошев, иако на Милошевиќ му порача дека Македонија нема да биде ничија бановина, не даде значаен придонес во „раздружувањето“ од СФРЈ.

Глигоров после атентатот беше преобразен во „англиска кралица“.

Кљусев беше премиер без пратеници.

Андов на 8-ми септември „избега“ во Грција (да им објасни на Грците што се случувало во Скопје).

Топурковски од старт го елиминирам, додека Словенија и Хрватска се раздружуваа тој организираше некаква манифестација „Мир во земјата, мир во светот“, а згора на тоа незаборавна е и неговата „Тајванска авантура“.

Љубчо исто така не заслужува квалификација, затоа што му ја намести топката на Бранко да стане Премиер на РМ.

Борис Трајковски како награда за спроведувањето на Рамковниот со Американците договори признавање на уставното име од САД во билатераралната комуникација, но таа негова заслуга веќе е присвоена како придобивка од меѓународната активност на Бранко Европски.

Значи, врти – сучи, на крајот остануваат само ликот и делото на Бранко Европски да бидaт претставени на „Споменикот на борбата за зачуваање на уставното име“.


image

Да си припомниме за заслугите на Бранко Европски во борбата за зачувување на уставното име.

Кога падана „експертската влада на Кљусев“, Петар Гошев ја информираше јавноста дека нема да стане Премиер затоа што не можел да прифати Гигоров да му ги диктира политиките и персоналниот состав на владата.

Во тогашната „оаза на мирот“ малкумина јавно покажаа дека се вознемирени од диктаторските амбиции на Глигоров. Повеќето граѓани беа вознемирени од прашањето дали Љубчо ќе прави коалција со ПДП. Во тие времиња Љубчо можеше да стане Премиер на РМ и од таа позиција да ја поведе Македонија побрзо на патот кон самостојноста и меѓунардната афирмација, но тој во интерес на антиалбанските политики на Милошевиќ не стапи во коалција со ПДП.

Мудрецот во „оазата на мирот“ за нов премиер го назначи дотогаш анонимниот пратеник Бранко Црвенковски.

Глигоров му предвиде „40 годишна политичка кариера“, а новиот премиер беше закитен со пофалбата „ученикот на Глигоров“. Но тие зборови не кажуваа ништо за државнички способности на Бранко Црвенковски, за неговата умешност да се справи со реалностите кои ја определуваат стратегијата во закрепнувањето на македонската држава во областа на правото, економијата, сигурноста, стратегијта на меѓуетничките односи и позиционирањето на РМ во процесите кои се нарекуваат пазарно стопанство, меѓународна афирмација на РМ, глобализам и евроатлантски интеграциии. Тогаш на мода беше мудрата политика на „еквидистанца со соседите“.

Како почеток на грчко-македонскиот спор можеме да го означеме усвојувањето на Лисабонската декларација со која земјите членки на ЕУ се обврзаа на почитување на заеднички утврдените критериуми за признавање на новосоздадените држави од СФРЈ. Последиците од задоцнетото аплицирање на РМ за членство во ОН на сите ни се јасни. Ако РМ се зачленеше во ОН пред усвојувањето на Лисабонската декларациа, грчко-македонскиот спор веројатно пак ќе постоеше, но со друга содржина и други последици по РМ.

Бранко Европски како Премиер во три мандати и Претседател на РМ во еден мандат, беше еден од најодговорните за функционирањето на македонската дипломатија. Во сето тоа време ние како држава имавме дипломатија без дипломати.

На Бранко Европски во првиот мандат му беше поважно од сй кој ќе стане газда на големите стопански претпријатија во РМ. Новите капиталисти да бидат од редовите на Сојузот на Комунисти на Југославија, според сите нишани на УДБ-а, проверени и лојални кадри на официјален Белград.

Бранко Европски во првиот мандат од своите сопартијци беше закитен со епитетот „мангуп“, а во јавноста завладеа мислењето дека Кировата „оаза на мирот“ се преобразила во логистичка база на Слободан Милошевиќ. Никој не очекуваше од Бранко дека ќе се прослави како македонски Кисинџер, или Холбрук.

Ако Љубчо Георгиевски не го потпишеше Пактот за асоцијација и стабилизација со ЕУ и ако Борис Трајковски не го наметнеше како ургентно прашањето за евро-атлантските интеграции на РМ, зборововите НАТО, ЕУ, како и синтагмата „странски инвестиции“ сеуште ќе беа непознати именки за Бранко Европски.

Кога говорам за заслугите на Бранко Европски во меѓународната афирмација на РМ, не можам да не ја забележам и чудната коинциденција, додека премиерува тој, на првиот претседател да му се случи атентат, а на вториот авионска несреќа. Во првиот случај разбирливо е што вниманието на Бранко Европски за миг беше пренасочено од активностите за меѓународна афирмација кон чување на фотелјата на Глигоров (за да седне во неа Андов). Во вториот случај, на погребот на Борис Трајковски, Бранко Европски во својот прошатален говор вети дека доследно ќе ја спроведува политиката на Борис Трајковски за евро-атланските интеграции.

Падот на Милошевиќ коинцидира со трансформацијата на Бранко Европски од „мангуп“ во „миротоврец“ и „државник“. Колку повеќе паѓаше моќта на Милошевоќ, толку повеќе растеше претставата за Бранко како Европеец.

Неодамна, на tv, во пренос од заседание на Собранието го гледав Јани Макрадули како од петни жили се напрега сто пати да каже: Европски Бранко… Европски Бранко.

Веројатно по примерот на Макрадули, моите пријатеили од СДСМ својот лидер повеќе не го нарекуваат „папата“, туку сите така на галено (без иронија) си го пеат милозвучно: Европски Бранко, Европски Бранко…

– Што си е мангуп човекот, си е. Умее да си наметне и прекар по сопствен избор.

Категория: Политика
Прочетен: 1795 Коментари: 1 Гласове: 0
Последна промяна: 24.01.2011 17:43

Бранко Европски се пишмани што собра некакви дневно политички поени кревајки врева пртив „спомениците“. Не крие дека и тој посакува да се вклучи во создавањето на културното наследсвто што сега се нарекува Проект Скопје 2014-та. Кога пак ќе станел премиер Бранко Европски ќе ја менувал содржината на Проектот Скопје 2014-та. Ќе го задржел тоа што било добро, а тоа што било лошо ќе менувал.

Ако Проектот Скопје 2014-та има за цел симболично да ја раскаже македонската историја за етнодиференцирањето од соседните народи и македонската историја за создавањето на самостојна држава, тогаш овој проект треба да се надополни со споменици кои ќе ја претставуваат и најновата македонска историја. Токму затоа, предлагам три измени и дополненија на Проектот Скопје 2014-та:

1. Поставување на комплекс од СПОМЕНИЦИ НА БОРБАТА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ.

2. Поставување СПОМЕНИК НА БОРБАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ.

3. СПОМЕНИК НА МЛАДАТА МЕКЕДОНСКА ДЕМОКРАТИЈА.

Разбира се, без соодветен закон не може да се изградат соодветните споменици.

image

Во времето на владеењето на мудрецот Глигоров и државникот Бранко, во Република Македонија заживеа Октоподот кој со своите пипала држеше се што може да докопа, телевизиите, весниците, стопанството, судтсвото, полицијата, армјата, болниците, дури и припадници на опозицијата, заради што најпрво ни беше чудно кога Октоподот ги гушна и Љубчо и Циле.

Во нашата колективна меморија длабоко е вржано сеќавањето кој беше најхрабриот и најсилниот борец против злото наречено Октопод.

image

Во таа епска борба против Октоподот Бранко Европски прописно им го заеба животот на бандитите во приватизацијата кои го ограбуваа обесправниот народ.

Заедно со мудрецот Глигоров, Бранко Европски им ја расплака мајката не само на бандитите што ги украдоа „старите девезни заштети“ на измамениот народ, туку Бранко Европски им ја расплака мајката и на бандитете од пирамидалните штетдилници кои ги крадеаа заштедените пари на наивните граѓани што наседнале во измамата наречена „менаџер на годината“.

Во незаборавната борба против организираниот криминал, Бранко Европски и Свети СДСМ прописно им го заебаа животот на сите оние кои алчно си ги полнеа торбите со пари во шверц-комерцот за потребите на Милошевиќ, а на штета на меѓународниот углед на Република Македонија.

И во тие тешки мигови на безпоштедна борба против Октоподот, додека едни шверцуваа нафта во вагони, други шлепери со цигари, кашкавал на тони, сѐ и сешто, дрога и бело робје, Бранко Европски грижејки се за исчезнувањето на „средната класа“ им даваше надеж и на гладните и измрзнати „мравка туристи“ (кои шврецуваа штека-две или рало фармерки) дека еден ден ќе бидат „среќни, врабoтени и богати луѓе“.

Каква хуманост, какво човекољубие покажа Бранко Европски во борбата против Октоподот кога прописно им го заеба животот на сите оние кои живеаа на виско нога од мито и поткуп во корупциските шеми во судството, во полицијата, царината, во болниците…

Во својата безпоштедна борба против Октоподот Бранко Европски на мислеше на себе, тој постојано се грижеше за армијата невработени, за тутунарите, за млекарите, за оризарите – на кои им ветуваше „сигурен откуп на оризот“.

Бранко Европски не му дозволи на Октоподот ниту со едно свое пипало да биде гарант во спроведувањето на Рамковниот договор.

Хероите од Свети СДСМ на чело со Бранко Европски во борбата против Октоподот не мислеа на себе кога ги амнестираа невините сопартијци кои беа обвинети дека се криминалци.

Принципите на пазарната економија, Правилото на владеењето на правото, заедно со Демократијата и Човековите права и слободи, никогаш нема да му ги заборават добрините на Бранко Европски што тој им ги направи во неговата безкомпромисна борба портив Октоподот кој со своите грозни пипала ја гушеше нашата млада држава.

Досега кажаното е само еден дел од заслугите на Бранко Европски во борбата против организираниот криминал. За придобивките од Бранковата борба против Октоподот може да се зборува уште многу, да се напишат томови и томови книги.

КОМПЛЕКС СПОМЕНИЦИ НА БОРБАТА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ

Споменик на Свети СДСМ во Градскиот парк во Струмица.

image

Споменик на Свети СДСМ на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

image

Во „Музејот на најзначајните политичари и државници на 20-ти век“ поставување на восочна фигура на Бранко Европски како со „чисти раце“ му ги вади џарџаначките на Октоподот.

image

Споменикот „Бранко Европски го убива злото“ може да биде поставан од левата или десната страна на Камениот Мост, во зависност од вкусот на граѓаните.

image

image

image

image

Категория: Политика
Прочетен: 8397 Коментари: 15 Гласове: 2
Последна промяна: 24.01.2011 17:39

ПРИЈАТЕЛИ ОД СДСМ, ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВЕ ПРИФАЌААТ КАКО ПЕДЕРИ, НО НЕ И КАКО МАКЕДОНЦИ!

 

Силвана Бонева го скрила писмото на Фуле за правата на педерите. Тоа било срам за Македонија, тврдат од СДСМ. Но, излезе дака Фуле до Бонева не испратил никакво писмо.

 Влатко Ѓорчев го навредил Фуере. И тоа било срам за Македонија. Но, Влатко ќе беше срам за Македонија ако на евроамбасадорот Фуере му плеснеше в лице:  јас ве почитувам како педер, но не и како Ирец!

 

image

 
Ако на Бранко Црвенковски, Макрадули, Заев, Шема, Бендевска, Шекеринска и другите од СДСМ им се пријатели тие што ги прифаќаат како педери и лезбејки, но не и како Македонци, тогаш таквите нивни пријатели не се и мои пријатели.

 image

 Полани во Букурешт, натовците ја пофалија РМ дека ги исполнила сите вообичаени услови за членство во НАТО, но на инсистирање на Грците не откачија. Веќе две години стоиме пред влезот на НАТО кампот. Веќе две  години по ред РМ од Европската Комисија до Европскиот совет добива препорака за датум за почнување преговори со ЕУ. И на врапчињата веќе им е јасно зошто сеуште не сме членка на НАТО и до кога нема да почнеме со преговорите за полноправно членство во ЕУ. Но, Груевски нѐ скарал со пријателите на РМ, тврди Бранко Европски. – Кога нѐ скарал Грујо со Европејците и натовците! Да не било тоа утре посабајле?

 Груевски се сретнал со африкански диктатор Мугабе, алармираа од СДСМ со нивното исмевање на ангажманот на Груевски за  признавањето на РМ под уставното име од Зимбабве. Не ги сакам диктаторите, но во случајов добро е што уште една држава (130-та по ред) си ја најде математиката да се стави на наша страна во грчко-македонскиот спор.

 Изгледа волјата за власт го поматува умот на Бранко Европски повеќе отколку 2 грама кокаин и литро виски. 


image

image
Категория: Политика
Прочетен: 8562 Коментари: 2 Гласове: 0
image

image

image

image

image

На почетокот од 1990 год. Димитар Галев кога ме убедуваше да се вклучам во основањето на Партијата на земјоделците на Македонија (ДС-ПЗМ), меѓу другото ми рече: „Ако се оддели Словенија од Југославија ќе се одделиме и ние. Само Киро може да ги убеди србоманите да се откачеме од Југославија. Како историчар можам да кажам, историјата не познава феудалец кој во погодна пригода не се обидел да стане цар. Тоа е мојата гаранција дека Киро ќе не откачи од Белград. Партијата на змејоделците ја формирам по барање на Киро. Тој ќе биде Претседателот на Македонија.“


Во почетокот на 1990 год. Киро Глигоров беше заборавена политичка фигура во Македонија. Тој си ги живееше пензионерскиte денови во Белград. Во тоа време, за мене неговото име беше интересно само како автор на “Приговорот на Манифестот на ГШ“ во кој тој ги оценува како лоши за Македонија Решенијата од Второто заседание на АВНОЈ и се залага за обединување на Македонија во рамките на Југославија.


Имајки ја на ум српска пропаганда дека Македонија била мала и сиромашана поради што не можела без Југославија, на Галев му реков: „Ако Киро не откачи од Белград ќе го прогласиме за цар, од тенекија круна ќе му направеме ама ќе крунисаме, само нека не откачи од Белград.“


Неколку дена по споменатиот разговор со Галев во весниците се појавија написи од Глигоров. Го претствуваа како „добар економист“. ДС-ПЗМ беше формирана во средината на април 1990 г. Неколку месеца потоа осамна паролата: „На Македонија ѝ треба мудрец“ (т.е. Киро Глигоров). Не верував дека Глигоров се вратил од Белград во Скопје за да се откачиме од Југославија. Си мислев дека тајните служби на официјален Белград ни го испраќаат Глиговор за да останеме во Југославија. Но, најсетне Глигоров се согласи да станеме членка на ОН, дури и со референцата FYROM. Излезе точно тврдењето на Галев дека: „Глигоров ќе чека Милошевиќ да се удави во сопствените лајна“.

Незнам на какво дереџе бил Глигоров во годините на раздружувањето, но сеуште си мислам дека Милошевиќ не ќе завршеше така како што заврши, ако Глигоров одработеше заедно со Кучан и Туѓман (можеби и со Изедбеговиќ) во еден ден сите заедно, Македонија, Словенија и Хрватска (со памала веројатност и Босана и Херцеговина) да прогласат независност од Југославија. Правната основа за ваквото сценарио тогаш го гледав во Уставот на СФРЈ од 1974 г. од една страна и од друга, во Одлуките од Второто заседание на АВНОЈ (1943 г.) со кои Кралството Југославија го сменила уредувањето во федерација и во соодветните „републички“ сообранија (т.е. Првото заседание на АСНОМ во однос на РМ), со кои новоформираните југословенски републики својот сувреренитет го пренеле на федрацијата, која „уставно“ е конститурирана на 01.01.1946 г. како Демократска Федеративна Република Југославија.

Било како било. Најзначајното е што Киро Глигоров не се прослави како Рахман Морина (Албанец од Косово кој своевремено го нарекував јаничарот на Милошевиќ), а ние Македонците заедно со Црногорците не се раздружувавме од третата Југославија на Милошевиќ. Разбира се, на Глигоров не му се забораваат и заслугите за нечесната приватаизација, за шврец-комерцот за воената машинерија на Милошевиќ, за гушењето на младата македонска демократија и т.н. Сепак, нека ни биде жив и здрав.

image

image
Категория: Политика
Прочетен: 7110 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 18.01.2011 02:12
17.01.2011 16:02 - без пардон

ПАТРИОТСКА МЕТЛА

На 15-ти септември...


image

image

image

image

image
Категория: Политика
Прочетен: 1183 Коментари: 1 Гласове: 0
Последна промяна: 17.01.2011 16:06
image

image


Влада во сенка: Јани Макрадули – министер за наука и образование, г-нот Заеб – премиер, Игор Ивановски Шема – министер за надворешни работи, Горан Минчев – министер за социјални работи, Стефче Јакимовски – министер за транспорт и врски од состанок на ЛДП преку својот мобилен директно до Б.Ц., Владо Бучковски – министер за трговија со резервни тенковски делови, Бранко – пензионер и почесен премиер, Братот Љубе – министер за внатрешни работи.
Категория: Политика
Прочетен: 3503 Коментари: 3 Гласове: 2
Добар сеир направи г-нот Заеб со тоа што им го расипа расположението на своите сопартијци кои беа зафатени со еуфорија после нивниот марш организиран во стилот на Џингис Кан.
image



image

image

image


image
Категория: Политика
Прочетен: 1080 Коментари: 1 Гласове: 1
image   image


image

Скеч Сцена: кафич во „Глобал“, покрај масичката со пијачка лежарно седат двајца струмички мајтапчии.
Актери: Мите Грозданов – божемен есдесовец и Бранко Бенинов – божемен вмровец.

  - Гледа ли сношти шо тропа Зајако у Валандово?
- Гледах.
- Се израдувах ка го видех.
- Шо па има ти да се радувъш? Чинъш тебе нема да те изее. Ебатти въмъровецо! У СДСМ книшките свршии. Не примале пръбегъни въмъровци.
- Викаше пушки, топове ќе купува. Баиро ќе го фане, ако Грујо па го апсе. Саа глеем нема топове. Си викам, тај не го фаќа баиро. Мош Премиер ќе стане. Ама, как шо ми стоо ќе ни го уљепшава градо уше ногу време. Бекатон плочки уше у дворо да ми клаа.
- Ај не ги извртуви работте. Ка го гледах си помислих, саа другаро ќе мъ пите: ут ка ќе ги изеет въмъровците шо ќе јаат после? Либераље или социјалисте? Мош туршии ќе ѝ праат. Ут дек да знам.
- Мъ зъболе за либрааљто. Ак не си купил топове, да му кааж да не купува. Грујо нема сметка па да го апсе.
- Шо па има јаска да му гуворъм. Гувори му ти, ебатте! Маабет без сол прааш. У стари лајна рииш.
- Еее! Как да не риим?! Ка, па му уткажале кочницте.  Саа бе на Валандовско Брдо. Ка се заљетал тортупусал се у Валандово.
- Ај не шири дезинформации.
- Кој бе шире дезинформации? Прв пат ли кине зелени? Лани викаше ути нема да се свете. Ути сичко им простил. Саа съ фаље ути живи ќе ѝ изеде. Признај ути му откажале кочницте. Ебатти есдесовецо!
- Шо бе да признаам?! Не ли глееш?! Човеко лајна јаде. Със фабричен дефек е. Ка го правиле забравиле да му турат кочници. Как може да му уткаже нешто шо го нема, а јаска да викам ути го има?!
  Струмичани викат: „Паарте да му ги иим, акъло да му го неем.“


(Текстот на скечот е напишан на струмички дијалект од времето на средината на 20 век. Во „старио струмички“ беше поприсутен т.н. темен вокал. Во македонската литературана норма т.н. темен вокал се пишува со интерпукциски знак, на пр. топонимите: Б’с, С’чево, М’криево, или именките: р’нка, г’з, ’рж или р’ж, најчесто се заменува со буквата „а“. При запишувањето на зборови од македонските дијалекти, темниот вокал може да се запише и со графемата: д (а со две точки одозгора), на пр. Бдс, Сдчево, Мдкриево, рднка, гдз, рдж. Сегашниве „графички решенија“ за т.н. темен вокал во македонската литературна норма ич не ми се допаѓаат. Првата јазична комисија за стандардизација на македонската литературана норма во 1944 год. усвоила македонска азбука со 32 букви, со посебна графема за темниот вокал, но таа буква не може да се најде во вообичаените комјутерски фондови на букви. Затоа во текстот што следи подолу се определив за темниот вокал да ја ползувам графемата „ъ“.)

image
Категория: Политика
Прочетен: 4977 Коментари: 2 Гласове: 1
Последна промяна: 14.01.2011 03:03
Прашање: Од што зависи независноста на независните експерти? Одговор: Од тоа што зависи зависноста на зависните експерти.   Прашање: Од што зависи зависноста на зависните експерти? Одговор: а) Според Ниче од волјата за моќ. б) Според Фројд од сексуалниот нагон. в) Според Маркс од класната свест. г) Од нешто сосема друго.  
image

image

image
  image

image

Појаснувањето на тоа „што сакал да каже авторот“ со тоа „што велат експертите“ честопати е обид за манипулација во кој манипулаторот има за цел манипулираниот да го прифати како вистина тоа што му се вели дека е вистина. Во секојдневието речиси катадневно препознаваме такви обиди за манипулација со јавното мислење при што „адвокатурата“ на манипулаторот понекогаш ни ѕуни ептен глупаво. Таква беше и последната „адвокатура“ на Мирјана Најческа која, како независен експерт за човекови прави и припадник на чесната интелегенција, ни појасни што сакал да каже авторот на заканата: „живи луѓе ќе јадеме, први бративчеди ќе вработуваме“. Демек, според Најчевска  не требало да се сфаќа живо за здраво безумната закана на „апсениот Заев“. Нејзиниот клиент во својот политички говор во Валандово употребил само фудбалски речник, а тоа според сугестијата на Најческа би требало да значи дека не се работи за било каква осветољубивост на „апсениот Заев“.
  image    Најчевска секако слушнала дека „кланот Заеви“ вложил доста пари за да го рашири својот бизнис во Валандово. Но, таа не го коментираше „фудбалскиот речник“ на „апсениот Заев“ во контекст на неговите „фалби“ дека тој лично се зафаќа со решавање на невработеноста во Валандово.

image   Штета за демокрасткатa мисла, штета за демократската теорија што Најческа не ни кажа што мисли таа за тоа како „апсениот Зеаев“ ќе се справува со невработеноста во Валандово, се разбира со посебен осврт на неговата „фалбата“ за веќе испробаниот негов рецепт како тој и СДСМ се справуваат со невработеноста во Струмица, во Охрид и секаде таму каде што СДСМ е на власт.   Социјалистите си имаат свој „феудалец во Кратово“, а зошто пак есдесовците да немаат таков во Струмица и во Валандово?   Феудализмот и човековите права и слободи не одад заедно. Секако ќе забележи Најчевска, ама во некоја друга пригода. Во сегашнава, за Најчевска неспорно е дека нејзиниот љубител на фудбалскиот речник (кој од Валандово осветољубиво се заканува како „апсениот Заев“), не сака да биде биде ниту „втор Ѕинго“, ниту политички канибал, затоа што тој е одамна докажан социјалдемократ, поради што нели е познат и како амнестираниот Заев.  

imageПретставете си, каква ќе беше „адвокатурата“ на Мирјана Најчевска ако некој вмровски функционер и бизнисмен упатеше таква закана како „апсениот Заев“ од Валандово? - Тоа е диктатура! Уцена! Заради корка леб, кутрите граѓани се принудени да се возат во бугарски воз (т.е. на гласање одат со заокружено гласачко ливче, а се враќаат со незаокружено гласачко ливче)! Феудализам, робовладетслтво, тоа е најгрубо кршење на човековите права и слободи… Со денови Најчевска ќе ни се појавуваше преку малите екрани за да ја гледаме и слушаме како ни објаснува колку голема опаснот се вмровците за човековите права и слободи.  
image
  В-к „Фокус“ го купувам редовно. Некои го нарекуваат „независен“, други „рекетарски весник“, а јас „политикин забавник“. Во првите години од излегувањето „Фокус“ другите весници ги оценуваше како весници кои претпочитаат да ги застапуваат ставовите на „народната власт“, а самиот се рекламираше како весник во кој може да се прочитат и гледиштата на „домашниот и странскиот непријател“. Деновиве, после малоумната закана на „апсениот Заев“, „Фокус“ ни се претстави и како портпарол на „гладниот народ“. Јеби га, што би рекол Латас, сите работиме за парица. А, никој не сака да работи како волот за сламата. Новинарскиот кодекс… Што беше тоа? Па се знае, кој ќе даде повеќе. Оттука, „нема љутиш“ што врвното експертското перо на реномиранта независна новинарка Јадранка Костова е ангажирано во „адвакатурта“ на „гладниот народ“.   Во суштина, исто како Најчевска, Костова како портпаролка на „гладниот народ“ својата „адвокатура“ за нејзиниот клиент „Заеб“ (таа тако го нарекува), ја темели врз „аргументацијата“ од српската народна мудрост: „кој признава, половина му се простова“, односно прво прифаќа дека нејзиниот клиент е виновен, дека заслужва казна, а потоа понизно упатува молба да се имаат на ум „олеснитените околности“ при изречувањето на пресудата.   Сепак, има разлики меѓу „адвокатурата“ на Најческа и „адвокатурта“ на Костова во скалапувањето на „олеснителните околности“. Помалку значајната се состои во тоа што Костова својата „адвокатура“ ја образлага со уличарски речник, веројатно сметајки дека така ќе биде поразбирлива за својот клиент, г-нот „Заеб“. Втората, позначајната разлика, се состои во тоа што Костова во духот на „истражувачкото новинарство“ мака мачи да го убеди својот објект на манипулација дека садистичката закана на нејзиот клиент г-нот „Заеб“ е монтирана, небаре таа била сведок на партискиот собир на СДСМ во Валандово, или пак е експерт за монтирани видео материјали.   Скраја да е! На секој нормален на ум не му паѓа да стави знак еднакво помеѓу гласот на г-нот „Заеб“ и гласот на „гладниот народ“. Но, имајки го на ум испишаниот графит во Струмица „ЗАЕВ ПРЕМИЕР, БРАНКО ПЕНЗИОНЕР“ и не можејки да се ослободам од впечатокот на изјавите на Заев дека тој има амбиции да биде идниот Премиер на РМ, ми доаѓа (како што би рекол Зевзекот), така некако спонтано, јавно да го поставам прашањето: дали на г-нот „Заеб“ му е јасно кога го заебаваат?   Наравучение. Не ставаајте знак еднкво меѓу услугите од сексуалните работнички и услугите од „независните експерти“, сепак „интелектуалните услуги“ се општествено прифатлива појава.
Категория: Политика
Прочетен: 2419 Коментари: 2 Гласове: 3
Последна промяна: 14.01.2011 00:01
<<  <  1 2 3 4
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227129
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930