Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
културно-рекреативна програма
Автор: cande Категория: Политика
Прочетен: 227151 Постинги: 58 Коментари: 63
Постинги в блога от 17.01.2011 г.
image

image

image

image

image

На почетокот од 1990 год. Димитар Галев кога ме убедуваше да се вклучам во основањето на Партијата на земјоделците на Македонија (ДС-ПЗМ), меѓу другото ми рече: „Ако се оддели Словенија од Југославија ќе се одделиме и ние. Само Киро може да ги убеди србоманите да се откачеме од Југославија. Како историчар можам да кажам, историјата не познава феудалец кој во погодна пригода не се обидел да стане цар. Тоа е мојата гаранција дека Киро ќе не откачи од Белград. Партијата на змејоделците ја формирам по барање на Киро. Тој ќе биде Претседателот на Македонија.“


Во почетокот на 1990 год. Киро Глигоров беше заборавена политичка фигура во Македонија. Тој си ги живееше пензионерскиte денови во Белград. Во тоа време, за мене неговото име беше интересно само како автор на “Приговорот на Манифестот на ГШ“ во кој тој ги оценува како лоши за Македонија Решенијата од Второто заседание на АВНОЈ и се залага за обединување на Македонија во рамките на Југославија.


Имајки ја на ум српска пропаганда дека Македонија била мала и сиромашана поради што не можела без Југославија, на Галев му реков: „Ако Киро не откачи од Белград ќе го прогласиме за цар, од тенекија круна ќе му направеме ама ќе крунисаме, само нека не откачи од Белград.“


Неколку дена по споменатиот разговор со Галев во весниците се појавија написи од Глигоров. Го претствуваа како „добар економист“. ДС-ПЗМ беше формирана во средината на април 1990 г. Неколку месеца потоа осамна паролата: „На Македонија ѝ треба мудрец“ (т.е. Киро Глигоров). Не верував дека Глигоров се вратил од Белград во Скопје за да се откачиме од Југославија. Си мислев дека тајните служби на официјален Белград ни го испраќаат Глиговор за да останеме во Југославија. Но, најсетне Глигоров се согласи да станеме членка на ОН, дури и со референцата FYROM. Излезе точно тврдењето на Галев дека: „Глигоров ќе чека Милошевиќ да се удави во сопствените лајна“.

Незнам на какво дереџе бил Глигоров во годините на раздружувањето, но сеуште си мислам дека Милошевиќ не ќе завршеше така како што заврши, ако Глигоров одработеше заедно со Кучан и Туѓман (можеби и со Изедбеговиќ) во еден ден сите заедно, Македонија, Словенија и Хрватска (со памала веројатност и Босана и Херцеговина) да прогласат независност од Југославија. Правната основа за ваквото сценарио тогаш го гледав во Уставот на СФРЈ од 1974 г. од една страна и од друга, во Одлуките од Второто заседание на АВНОЈ (1943 г.) со кои Кралството Југославија го сменила уредувањето во федерација и во соодветните „републички“ сообранија (т.е. Првото заседание на АСНОМ во однос на РМ), со кои новоформираните југословенски републики својот сувреренитет го пренеле на федрацијата, која „уставно“ е конститурирана на 01.01.1946 г. како Демократска Федеративна Република Југославија.

Било како било. Најзначајното е што Киро Глигоров не се прослави како Рахман Морина (Албанец од Косово кој своевремено го нарекував јаничарот на Милошевиќ), а ние Македонците заедно со Црногорците не се раздружувавме од третата Југославија на Милошевиќ. Разбира се, на Глигоров не му се забораваат и заслугите за нечесната приватаизација, за шврец-комерцот за воената машинерија на Милошевиќ, за гушењето на младата македонска демократија и т.н. Сепак, нека ни биде жив и здрав.

image

image
Категория: Политика
Прочетен: 7110 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 18.01.2011 02:12
17.01.2011 16:02 - без пардон

ПАТРИОТСКА МЕТЛА

На 15-ти септември...


image

image

image

image

image
Категория: Политика
Прочетен: 1184 Коментари: 1 Гласове: 0
Последна промяна: 17.01.2011 16:06
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227151
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Януари, 2011  >>
ПВСЧПСН
12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31