Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
културно-рекреативна програма
Автор: cande Категория: Политика
Прочетен: 227142 Постинги: 58 Коментари: 63
Постинги в блога от 24.01.2011 г.
image

МИРЕН СОН
Наскоро ќе била завршницата од судењето на Бучковски за аферата резервни тенковски делови. Го гледам на собраниските преноси, многу е нервозен. Му посакувам мирен сон.
Ако го осудат на казна затвор, штета за политичкиот циркус во Република Македонија.

ГОСПОДАРОТ НА СИТУАЦИЈАТА

image

image

image

Категория: Политика
Прочетен: 1028 Коментари: 0 Гласове: 0
astrostoper праша: „a kamu bre SPONEMIK ZA BORBA PROTIV SPOMENICITE“ и предложи: „nadopolni gi predlozite so ovoj predlog“.

Во духот на толенцијата, дијалогот, соживотот, меѓуетнички односи, братството и единството, го поканувам astrostoper, во името на народот, да избере едно од понудените идејни решенија за СПОМЕНИК НА НАРОДНО-ОСЛОБОДИТЕЛНАТА БОРБА ПРОТИВ СПОМЕНИЦИТЕ.

Предлог бр.1. ГАЗОТ НА НАРОДОТ, во чест на првоборецот од Народно-ослободителната борбата против спомениците.

image

Предлог бр.2. ДИОГЕН, во чест на учесникот во Народно-ослободителната борбата против спомениците.

image

Прелогот бр.3. ТИХЕ или ФОРТУНА, во чест на независната интелегенција од Народно-ослободителната борбата против спомениците.

image

Прелог бр.3. АНТИЧКИОТ ПИЈАНИЦА, во чест на идеологот на Народно-ослободителната борбата против спомениците.

image

Предлог бр.4. ЏИНГИС КАН, во чест на врховниот командат на Главниот штаб на Народно-ослободителната борбата против спомениците.

image

image

image


Категория: Политика
Прочетен: 2577 Коментари: 0 Гласове: 2
СПОМЕНИК НА МЛАДАТА МАКЕДОНСКА ДЕМОКРАТИЈА

Kој политичар треба да биде претставен на Споменикот на младата македонска демократија?

Изборот е само еден, без разлика како ќе го наречете: папата на Свети СДСМ, Бранко Европски, или државникот кој заедно со својот Св.СДСМ ни покажал¬ како се создава држава, како се управува држава, како се брани држава…

image

image

image

Категория: Политика
Прочетен: 6032 Коментари: 0 Гласове: 0
СПОМЕНИК НА БОРБАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ.

Споменикот на борбата за зачуваање на уставното име треба да го содржи ликот и делото на македонскиот политачар кој дал најголем придонес за меѓународната афирмација на РМ.

Гошев, иако на Милошевиќ му порача дека Македонија нема да биде ничија бановина, не даде значаен придонес во „раздружувањето“ од СФРЈ.

Глигоров после атентатот беше преобразен во „англиска кралица“.

Кљусев беше премиер без пратеници.

Андов на 8-ми септември „избега“ во Грција (да им објасни на Грците што се случувало во Скопје).

Топурковски од старт го елиминирам, додека Словенија и Хрватска се раздружуваа тој организираше некаква манифестација „Мир во земјата, мир во светот“, а згора на тоа незаборавна е и неговата „Тајванска авантура“.

Љубчо исто така не заслужува квалификација, затоа што му ја намести топката на Бранко да стане Премиер на РМ.

Борис Трајковски како награда за спроведувањето на Рамковниот со Американците договори признавање на уставното име од САД во билатераралната комуникација, но таа негова заслуга веќе е присвоена како придобивка од меѓународната активност на Бранко Европски.

Значи, врти – сучи, на крајот остануваат само ликот и делото на Бранко Европски да бидaт претставени на „Споменикот на борбата за зачуваање на уставното име“.


image

Да си припомниме за заслугите на Бранко Европски во борбата за зачувување на уставното име.

Кога падана „експертската влада на Кљусев“, Петар Гошев ја информираше јавноста дека нема да стане Премиер затоа што не можел да прифати Гигоров да му ги диктира политиките и персоналниот состав на владата.

Во тогашната „оаза на мирот“ малкумина јавно покажаа дека се вознемирени од диктаторските амбиции на Глигоров. Повеќето граѓани беа вознемирени од прашањето дали Љубчо ќе прави коалција со ПДП. Во тие времиња Љубчо можеше да стане Премиер на РМ и од таа позиција да ја поведе Македонија побрзо на патот кон самостојноста и меѓунардната афирмација, но тој во интерес на антиалбанските политики на Милошевиќ не стапи во коалција со ПДП.

Мудрецот во „оазата на мирот“ за нов премиер го назначи дотогаш анонимниот пратеник Бранко Црвенковски.

Глигоров му предвиде „40 годишна политичка кариера“, а новиот премиер беше закитен со пофалбата „ученикот на Глигоров“. Но тие зборови не кажуваа ништо за државнички способности на Бранко Црвенковски, за неговата умешност да се справи со реалностите кои ја определуваат стратегијата во закрепнувањето на македонската држава во областа на правото, економијата, сигурноста, стратегијта на меѓуетничките односи и позиционирањето на РМ во процесите кои се нарекуваат пазарно стопанство, меѓународна афирмација на РМ, глобализам и евроатлантски интеграциии. Тогаш на мода беше мудрата политика на „еквидистанца со соседите“.

Како почеток на грчко-македонскиот спор можеме да го означеме усвојувањето на Лисабонската декларација со која земјите членки на ЕУ се обврзаа на почитување на заеднички утврдените критериуми за признавање на новосоздадените држави од СФРЈ. Последиците од задоцнетото аплицирање на РМ за членство во ОН на сите ни се јасни. Ако РМ се зачленеше во ОН пред усвојувањето на Лисабонската декларациа, грчко-македонскиот спор веројатно пак ќе постоеше, но со друга содржина и други последици по РМ.

Бранко Европски како Премиер во три мандати и Претседател на РМ во еден мандат, беше еден од најодговорните за функционирањето на македонската дипломатија. Во сето тоа време ние како држава имавме дипломатија без дипломати.

На Бранко Европски во првиот мандат му беше поважно од сй кој ќе стане газда на големите стопански претпријатија во РМ. Новите капиталисти да бидат од редовите на Сојузот на Комунисти на Југославија, според сите нишани на УДБ-а, проверени и лојални кадри на официјален Белград.

Бранко Европски во првиот мандат од своите сопартијци беше закитен со епитетот „мангуп“, а во јавноста завладеа мислењето дека Кировата „оаза на мирот“ се преобразила во логистичка база на Слободан Милошевиќ. Никој не очекуваше од Бранко дека ќе се прослави како македонски Кисинџер, или Холбрук.

Ако Љубчо Георгиевски не го потпишеше Пактот за асоцијација и стабилизација со ЕУ и ако Борис Трајковски не го наметнеше како ургентно прашањето за евро-атлантските интеграции на РМ, зборововите НАТО, ЕУ, како и синтагмата „странски инвестиции“ сеуште ќе беа непознати именки за Бранко Европски.

Кога говорам за заслугите на Бранко Европски во меѓународната афирмација на РМ, не можам да не ја забележам и чудната коинциденција, додека премиерува тој, на првиот претседател да му се случи атентат, а на вториот авионска несреќа. Во првиот случај разбирливо е што вниманието на Бранко Европски за миг беше пренасочено од активностите за меѓународна афирмација кон чување на фотелјата на Глигоров (за да седне во неа Андов). Во вториот случај, на погребот на Борис Трајковски, Бранко Европски во својот прошатален говор вети дека доследно ќе ја спроведува политиката на Борис Трајковски за евро-атланските интеграции.

Падот на Милошевиќ коинцидира со трансформацијата на Бранко Европски од „мангуп“ во „миротоврец“ и „државник“. Колку повеќе паѓаше моќта на Милошевоќ, толку повеќе растеше претставата за Бранко како Европеец.

Неодамна, на tv, во пренос од заседание на Собранието го гледав Јани Макрадули како од петни жили се напрега сто пати да каже: Европски Бранко… Европски Бранко.

Веројатно по примерот на Макрадули, моите пријатеили од СДСМ својот лидер повеќе не го нарекуваат „папата“, туку сите така на галено (без иронија) си го пеат милозвучно: Европски Бранко, Европски Бранко…

– Што си е мангуп човекот, си е. Умее да си наметне и прекар по сопствен избор.

Категория: Политика
Прочетен: 1795 Коментари: 1 Гласове: 0
Последна промяна: 24.01.2011 17:43

Бранко Европски се пишмани што собра некакви дневно политички поени кревајки врева пртив „спомениците“. Не крие дека и тој посакува да се вклучи во создавањето на културното наследсвто што сега се нарекува Проект Скопје 2014-та. Кога пак ќе станел премиер Бранко Европски ќе ја менувал содржината на Проектот Скопје 2014-та. Ќе го задржел тоа што било добро, а тоа што било лошо ќе менувал.

Ако Проектот Скопје 2014-та има за цел симболично да ја раскаже македонската историја за етнодиференцирањето од соседните народи и македонската историја за создавањето на самостојна држава, тогаш овој проект треба да се надополни со споменици кои ќе ја претставуваат и најновата македонска историја. Токму затоа, предлагам три измени и дополненија на Проектот Скопје 2014-та:

1. Поставување на комплекс од СПОМЕНИЦИ НА БОРБАТА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ.

2. Поставување СПОМЕНИК НА БОРБАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ.

3. СПОМЕНИК НА МЛАДАТА МЕКЕДОНСКА ДЕМОКРАТИЈА.

Разбира се, без соодветен закон не може да се изградат соодветните споменици.

image

Во времето на владеењето на мудрецот Глигоров и државникот Бранко, во Република Македонија заживеа Октоподот кој со своите пипала држеше се што може да докопа, телевизиите, весниците, стопанството, судтсвото, полицијата, армјата, болниците, дури и припадници на опозицијата, заради што најпрво ни беше чудно кога Октоподот ги гушна и Љубчо и Циле.

Во нашата колективна меморија длабоко е вржано сеќавањето кој беше најхрабриот и најсилниот борец против злото наречено Октопод.

image

Во таа епска борба против Октоподот Бранко Европски прописно им го заеба животот на бандитите во приватизацијата кои го ограбуваа обесправниот народ.

Заедно со мудрецот Глигоров, Бранко Европски им ја расплака мајката не само на бандитите што ги украдоа „старите девезни заштети“ на измамениот народ, туку Бранко Европски им ја расплака мајката и на бандитете од пирамидалните штетдилници кои ги крадеаа заштедените пари на наивните граѓани што наседнале во измамата наречена „менаџер на годината“.

Во незаборавната борба против организираниот криминал, Бранко Европски и Свети СДСМ прописно им го заебаа животот на сите оние кои алчно си ги полнеа торбите со пари во шверц-комерцот за потребите на Милошевиќ, а на штета на меѓународниот углед на Република Македонија.

И во тие тешки мигови на безпоштедна борба против Октоподот, додека едни шверцуваа нафта во вагони, други шлепери со цигари, кашкавал на тони, сѐ и сешто, дрога и бело робје, Бранко Европски грижејки се за исчезнувањето на „средната класа“ им даваше надеж и на гладните и измрзнати „мравка туристи“ (кои шврецуваа штека-две или рало фармерки) дека еден ден ќе бидат „среќни, врабoтени и богати луѓе“.

Каква хуманост, какво човекољубие покажа Бранко Европски во борбата против Октоподот кога прописно им го заеба животот на сите оние кои живеаа на виско нога од мито и поткуп во корупциските шеми во судството, во полицијата, царината, во болниците…

Во својата безпоштедна борба против Октоподот Бранко Европски на мислеше на себе, тој постојано се грижеше за армијата невработени, за тутунарите, за млекарите, за оризарите – на кои им ветуваше „сигурен откуп на оризот“.

Бранко Европски не му дозволи на Октоподот ниту со едно свое пипало да биде гарант во спроведувањето на Рамковниот договор.

Хероите од Свети СДСМ на чело со Бранко Европски во борбата против Октоподот не мислеа на себе кога ги амнестираа невините сопартијци кои беа обвинети дека се криминалци.

Принципите на пазарната економија, Правилото на владеењето на правото, заедно со Демократијата и Човековите права и слободи, никогаш нема да му ги заборават добрините на Бранко Европски што тој им ги направи во неговата безкомпромисна борба портив Октоподот кој со своите грозни пипала ја гушеше нашата млада држава.

Досега кажаното е само еден дел од заслугите на Бранко Европски во борбата против организираниот криминал. За придобивките од Бранковата борба против Октоподот може да се зборува уште многу, да се напишат томови и томови книги.

КОМПЛЕКС СПОМЕНИЦИ НА БОРБАТА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ

Споменик на Свети СДСМ во Градскиот парк во Струмица.

image

Споменик на Свети СДСМ на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

image

Во „Музејот на најзначајните политичари и државници на 20-ти век“ поставување на восочна фигура на Бранко Европски како со „чисти раце“ му ги вади џарџаначките на Октоподот.

image

Споменикот „Бранко Европски го убива злото“ може да биде поставан од левата или десната страна на Камениот Мост, во зависност од вкусот на граѓаните.

image

image

image

image

Категория: Политика
Прочетен: 8397 Коментари: 15 Гласове: 2
Последна промяна: 24.01.2011 17:39
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227142
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Януари, 2011  >>
ПВСЧПСН
12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31