Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
културно-рекреативна програма
Автор: cande Категория: Политика
Прочетен: 227155 Постинги: 58 Коментари: 63
Постинги в блога от 06.10.2011 г.
06.10.2011 20:50 - СДСМ - Забавна
image
  Според поранешниот есдесовец, пратеник и титоист Веле Митановски, СДСМ не е на такво дереџе поради Бранко, туку поради дамата која раководи со СДСМ.

Ако судиме според кажаното од Митановски, „луд“ Бучко, наместо со Бранко, треба да се занимава со дамата која раководи со СДСМ, оти само така СДСМ би можел да се реформира за да го победи Груевски.

image
Мотивот на „луд“ Бучко државотворниот СДСМ да го реформира во СДСМ – Забавана, вероајтно е освтољубие. Не верувам дека „луд“ Бучко е до толку луд што се занесува дека СДСМ на чело со Шема ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ. Белким не верува дека на вмровците гаќите ќе им се тресат, ако паретседателот на СДСМ е Весна Бендевска, Макрадули, Шема, или Гордан Георгиев.
image
Дали „луд“ Бучко ќе биде исклучен од СДСМ, или Папата ќе го понижи до тој степен што тотално ќе го игнорира, наскоро ќе видеме.
Дека СДСМ е султанска партија јасно му е секому. Се сеќавате ли на пратеникот Есад Рахиќ? Тој е оној забавниот пратеник од СДСМ кој Бранко Црвенковски го нарекуваше  Василие Втори од Слатино. Наводно, поради некои други причини Есад Рахиќ беше избркан од Св.СДСМ додека со него божем претседателствуваше Радмила Шекеринска (ако ве интересира повеќе за лелекот на Есад Рахиќ по Василиј од Слатино, кликнете тука).

  image
Едно време и Радмила Шекеринска како партиски претседател ќе одлепуваше од Папата на Св.СДСМ.
  imageimageimage
После изборниот пораз на СДСМ на парламентарните избори во 2008 г., в-кот „Глобус“ (Скопје, 01.07.2008 г.) тврдеше дека Шекеринска го обвинила Црвенковски дека водел заткулисни игри додекаа таа била легитимно избраниот претседател на СДСМ.
  image
image

По изборите во 2008 г. во јавноста излезе информацијата дека тогашниот претседател на РМ, Бранко Црвенковски не ѝ дозволил на Шекеринска да го подготви Св.СДСМ за изборна победа. Чуму?! Било како било. Папата за лојалноста на Шекеринска ѝ се заблагодари годинава,  ја пушти уште еднаш да се избања како кандидат за премиер.
  image
Упс, требаше: „За Султанот и Татковината!“. На изборите во 2006 г. како носител на листа во дуелот со Бонева во 4-та ИЕ, Шекеринска изгуби 11:7. На изборите во 2008 г. Шекеринска како кандидат за премиер доживеа тоатален дебакал. Годинава пак се жртвуваше како кандидат премиер. Шекеринска секогаш е спремна да се жртвува за Султанот и Татковината.
Викиликс ја откри Америка во случајот со„Зајче“. Амнестираниот Заев, додека му  се колнел на доживотна благодарност и верност на Спасителот свој – за дадената амнестија, алчно и безсрамно работел да му го одзеде лидерското место на Спасителот свој (наслаовната страна на в-кот „Фокус“ од 15-08-2008 г.).

  image Според поранешниот есдесовец Веле Митановски: „Зајче“ бил „инсталација“ на „другарот Владо“. Дали „другарот“ Зајче на своја рака работел да стане папа наместо папата, или ортачки со „луд“ Бучко, како негова инсталација во СДСМ, не знам. Нема да биде изненадување ако се потврди како точно мислењето дека „другарот“ Зајче и „другарот Владо“ ортачки работеле првиот, како инсталација на вториот, да се устоличи како папа наместо папата. Поупатените велат, дека токму тоа е причинита поради која г-ѓа Шекеринска не можела да ја поднесе простотијата на муртинчанецот Заев.

Викиликс неодамна се обиде сензационално да ни каже нешто што не беше тајна уште од 2008 г., т.е. дека во 2009 г. г-нот Заеб сакал да го заебе и папата на Св. СДСМ.  Да си припомниме, според тогашната американска амбасадорка во Скопје г-ѓа Џулијан Миловановиќ, амнестираниот Заев, како в.д. претседател на СДСМ и шеф на изборната кампања на СДСМ, имал амбиции да стане идниот вистински лидер на СДСМ, затоа што верувал дека на локалните избори во 2009 г. ќе освои 27 градоначалнички места, со што, ќе стекнал заслуги кои ќе му овозможиле да стане вистински лидер на СДСМ. Епилогот од оваа себична математика на неблагодарниот г-н Заеб е познат.
image   И Ѓунер Исмаил, кој во два мандата беше во служба на Папата & Св.СДСМ, едно време го крена гласот против Папата. Потоа пак се стави во негова служба, разбира се, без окото да му трепне дека својот безскрупулозен ментор претходно го нарекол: „исклучителен компилатор“ кој „менаџира коалиција на  криминалот, на расипани политичари, на иделошки превртливци, на новинарски слуги“. Не дај боже и „луд“ Бучко во првата пригода пак да тргне по стапките на Папата, а тоа може да се случи доколку овој му понуди некое лонче со државни и партиски привилегии.


кликни тука, или на сликата од You Tube да ја видеш изјавата на Ѓунер Измаилimage

кликни тука, или на сликата од You Tube да ја видеш изјавата на Ѓунер Измаил

Чудна коинциденција! Според Викиликс, и американскиот амбасадор во Скопје, Филип Рикер го опишувал Бранко Црвенковски како љубител на старо виски и безобразен интригант на кој не може да му се верува. Впрочем, години и години пред Викиликс, некои сдсмовци јавно признаваа и се фалеа дека: „Од Бранко Преваранко порасипан нема“.

Според „луд“ Бучко, Ѓорги Спасов, како поранешнен генсек и осонавтел на СДСМ,  ја основал тинк-тенк организацијата „Демос“ затоа што оценил  дека Црвенковски не знаел и не можел да го победи Груевски. А, Црвенковски наместо да ја прифати понудената помош од Спасов, го третирал како домашен непријател.

image

Пред последните избори, Бранко Црвенковски вети дека ќе си даде оставка и ќе се повлече од политиката, ако ги изгуби изборите. Изборите ги изгуби, ама ветувањето не си го исполни. Таков си е. Не ги исполнува предизборните ветувања дури и кога си ги губи изборите. Со тоа, се потврди дека правилото, претседателот на СДСМ да си поднесе оставка поради изгубени избори, било воведено само заради „луд“ Бучко и важеело само за „луд“ Бучко и Шекеринска (г-нот Заеб, како в.д. претседател на СДСМ, беше само грејач на Бранковата фотелја). Веројатно „луд“ Бучко дури деновиве може да покаже јавно дека му е лут на Папата затоа што тој  своевремено ја напумпал Шекеринска да го воведе споеменатото правило, после поразот на изборите во 2006-та година, за да можат „делагатите“ и „мерачите на аплаузи“ да  ја изнудат оставка од „луд“ Бучко како претседател на СДСМ.
 
image
Гордан Георгиев кога му се придружи на Папата тврдеше дека расштрафениот СДСМ треба само да се заштрафи за да се победи Груевски.

image
Постизборно расположение во СДСМ после изборите во 2009 година. Изборите во 2011 г. покажаа дека расштрафениот СДСМ сеуште не е заштрафен.
  Сегашниот изборен резулат на Св.СДСМ е речиси ист со оној од 2004 г. (380.000 гласа) кога Бранко Црвенковски беше избран за Претседател на Република Македонија. По овогодишниот изборен пораз, секако охрабрени од изборниот резултат (368.000 гласови) „делегатите“ и „мерачите на аплаузи“ сложно, во братво и единство со сите други папишатни од поширокото членство на Св.СДСМ, се согласија со констатацијата на Папата дека македонскиот народ згрешил што не го сака Бранко и му дал доверба на Премиерот Никола Груевски. Но, во оваа постизборна математика на Папата и паиштаните нема одговор на прашањето зошто од 2004 г. до сега, членството на СДСМ од 150.000 души се смалило на 60-65.000 души? Тоа огромно намалување на бројот на членовите на Св.СДСМ, секако не се случило заради намалување на материјалните трошоци на Св.СДСМ кога Папата ќе реши да напише писмо до сите сопартијаци за де им каже дека од неговиот личен успех, зависи успехот на партијата.
image
Папата и „луд“ Бучко се согласуваат само во едно, дека членството на СДСМ во ова изборна година броело 60 до 65 илјади души. Ненадминати остануваат несогласувањета и обвинувањата за тоа кој е виновникот за загубата на 85 до 90 илјади членови на СДСМ.

На следните локални избори членството на СДСМ нема да брои 150.000 души. Дури и Тито Петковски формално правно да ја фузира својата партија со Св.СДСМ, тој старо-нов сојуз нема да има 150.000 члена.  Значи, колку и да се зголемува бројот на членовите на СДСМ, тој број нема да го достигне бројот на челновите на СДСМ од 2004 г. А, без тој број, Св.СДСМ не може да се надева на изборна победа.

Дури и да го апстрахираме сознаието од последните анкети според кои расте довербата на граѓаните во Премиерот и Претседателот на РМ, а прогнозата за следните локални избори да ја поставиме само врз основа на изборните резултати од годинашниве избори, на идните локални избори бројот на градоначалници од СДСМ нема да биде поразличен од сегашниот. Ќе треба да се случи некоја голема грешка на власта, за да се случи и промена на изборното расположение на граѓаните во полза на СДСМ. Навистина, Папата & Св.СДСМ сметаат на фактот што не сите граѓани се задоволни од градоначалниците предложени од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Но, има лек и за оваа прана надеж на папиштаните. Заради амортизација на еветуалното такво незадоволство, но во духот на мотото „заедно можеме повеќе“  парламентарното мнозинство може да одлучи заедно со следните локални избори да се одржат и предвремени парламентари избори.  Се на сѐ, во овој момент „луд“ Бучко е во право кога констатира дека на следните избори (локални, претседателски и парламнтарни) Бранко не може да го победи Груевски.


image

Не случајно деновиве, додека течат подготовките за конгресот ЛДП, Бучковски, правејки бура во чаша вода, се обидува да го реформира државотворниот Св.СДСМ во СДСМ – Забавна. Веројатно „луд“ Бучко на овој начин не сака да ја предупреди ЛДП да не се залепи повторно за Бранко & Св.СДСМ.  Веројатно тој многу гневен и розачаран што „делегатите“ и „мерачите на аплаузи“ не го направија пратеник и на годинашниве избори. Изгледа касно сфатил дека, додека бил претседател на СДСМ бил само еден од грејачите на Папината фотелја. Дека, одамна од Папата е оставен на милост и немилост на „корупираното судство“ кое сеуште не го кажало своето за аферата „набавка на резервни тенковски делови“, во која е еден од обвинетите. Претпоставувам, чашата му се преполнила откако дознал за некаква интрига на безскруполозниот Папа против него, па решил да се пофали јавно со својот минат труд вложен во победата од „15-ти септември“.
  imageБелким „луд“ Бучко не крадел резервни тенковски делови за да ја подржи финасиски кампања на Црвенковски на претседателските избори во 2004 г.    Поводот за овој блог-пост е фалбата на „луд“ Бучко дека тој е најзаслужниот за создавањето и работењето на сдсмовската екипа од соништата која на изборите од 15.09.2002 г. на Бранко & СДСМ им донесе околу 500.000 гласа.

Во колумната што  беше публикувана во две продолженија, „луд“ Бучко дума не продумува за ликот и делото на дотогашниот ни премиер Љубчо Георгиевски, кој даде несомнен придонес да се изгради  сфаќањето дека и магаре да биде кандидатирано за пратеник од СДСМ на изборите на 15-ти септември ќе биде избрано за пратеник.

image
Насловна страна на „Фокус“ од 16-07-1999 г., т.е. од „златните времиња“ на Бучковиот дрим-тимот кој му ги донел три изборни победи на СДСМ во далечните 2000 г., 2002 г. и 2004 г.

Да си припомниме. Во изборната кампања в0 1998 г. лидерот на џебната партија МААК,  Страшо Ангеловски излезе со тврдењето дека, ако Љубчо победи на изборите ќе има војна.  За волја на вистината, обидот на Љубчо и Џафери да ги подобрат меѓуетничките односи на Македонците и Албанците, од Св.СДСМ беше пречекан на нож. Следуваше фингирана афера прислушкување, во која Доста Димовска, според сфаќањето на поупатените, одиграла за Папата и Св.СДСМ. Потоа, се случи војната, а Св.СДСМ безумно ја злоупотреби  за да ја убеди јавноста дека била фингирана, со цел: ем да се забошоти аферата со прислушкување, ем без да падне рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ да се унапредат правата на македонските Албанци (демек, како благодарност на Албанците за претседателските избори на кои беше избран Борис Трајковски). Во тоа време, Никола Младенов во в-кот „Фокус“ пишуваше дека со војната Љубчо му ја местел топката на официјален Белград. Газдата на „Канал 5“, како поранешен каднидат за пратеник од Странката на Југословените, како сменет потпрестседател на ВМРО-ДПМНЕ  и како лидер на фиктивната ВМРО-Вистинска, во хор со Св.СДСМ и дузина опозиционери тврдеше дека  војната е фингирана: за да се забошоти аферата со прислушкување; за да се забошоти криминалот на Љубчо. Откако за „меѓународната“ терористите и криминалците на УЧК станаа бунтовници за човекови права, државотворецот Бранко наш голем маж, се истрча да се пофали дека причината за војната е тоа што неговата државотворна партија донела устав со фабрички дефект. Така самопрогласениот миротворец од Св.СДСМ на своја страна ги доби „меѓународната“ и “бунтовниците“.  Љубчо остана и без подршка од својот коалиционен партнер Васил Топурковски, кој не само што го избрка УНПРЕДЕП од македонско-косовската граница со што се овозможи непречено да  навлегува УЧК во Македонија, туку се обиде заедно со Борис Стојменов и Бранко & Св.СДСМ да му го одзедат и премиерското место на Љубчо. Во таа констелација Амди Бајрам го даде својот прочуен гол со пета, та Љубчо едвај се додржа на премиерското место. Додека газдата на новинарите од „А1“ за свој главен уредник го имаше Бранко Црвенковски,  Љубчо се фалеше дека бизнисмените и спонзорите на Св.СДСМ станале „наши“ (вмровски), дека „нашата парија“ (ВМРО-ДПМНЕ) станала „директорска“.  Додека Македонија ја губеше војната и Св.СДСМ повикуваше на дезертерство од АРМ и МВР, додека братот Љубе по директива на Љубчо организираше демонстрации против Претседателот на РМ Борис Трајковски,  додека „ОКТА“ се продаваше „колку за една кокта“, Љубчо и Снешка организираа балови  на кои „нашите“ нови „вмровски“ бизнисмени и спонзори донираа за нивното „добротворително друштво“ наречено фондација „Благовестие“.  Згора на тоа, членството на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2002 г. беше демотивирано и од внатрепартиските пресметки, од нетрпеливоста меѓу Љубчо и Боро, од нетрпеливоста меѓу Љубчо и Доста, а најмногу од тоа што и Љубчо исто како Папата на Св.СДСМ издаваше индулгенции (во времето на инквизицијата, папата во Рим за многу златници издавал индулгенции со кои криминалците потврдувале пред Бога и народот дека се чесни). Во тоа време, невработените поверуваа на лагата на дрим-тимот на „луд“ Бучко и Папата на Св.СДСМ дека ќе биде вработен по еден член од секое семејство. Во таков амбиент, кога во јавноста владееше мнението дека вмровците владеат и крадат како бабуни, а сдсмовци  со памук ја вадат душата, се одржаа изборите на 15-ти септември, на кои магаре да беше кандидатирано од Св.СДСМ ќе беше избрано.

image

Петстотините илјади гласови, што наводно биле собрани благодарение на дрим-тимот на „луд“ Бучко, набргу се потрошија. На претседателските избори во 2004 г. кандидатот на СДСМ Бранко Црвенковски победи со 380.000 гласа. Разбира се, не може дрим-тимот на „луд“ Бучко постојано да собира толку гласови, колку што може Папата на Св.СДСМ безумно да арчи.

Премиер од Св.СДСМ стана ловџијата Хари Костов, кој се прослави по две работи. Едната, убиството на Диме поштарот (кој се пофали дека знаел многу работи за „фингираната војна“) и другата, дека не сакал да биде премиер на корумпираните министри од ДУИ.

image
Ќе свири ли клавир „луд“ Бучко во КПД „Идризово“?

Потоа, премиер стана Бучкоски. Се покажа дека премиерскиот тим на „луд“ Бучко ги арчи гласовите побрзо од Папата. Лилјана Поповска, Павле Трајанов,  Стоиљковиќ и др. веднаш сфатија дека немаат иднина со Св.СДСМ, но „луд“ Бучко беше меѓу ѕвездите. Се занесе толку што не само што со безсрамно коалицираше со пратениците на ВМРО-Народна на Љубчо, туку за да распише предвремни парламентарни избори безсрамно им ветуваше и предвремени пензии на пратениците.

Во Република Бугарија, „цар“ Симеон на „луд“ Бучко му организираше китење со почесни научни титули (секако како благодарност од „царот“ до татко му на „луд“ Бучко, кој заедно со татко му на Андреј Жерновски, во 1941 г. по скопските улици ја носеле сликата на таткото на „цар“ Симеон, – цар Борис „Ослободител и Обединител“).  Згора на тоа, во затоплувањето на односите со Бугарија „луд“ Бучко толку многу се загреал што му дал „согласност“  на  Миле Зечевиќ во братска дружба со бугарската тајна служба, да обезбеди „доказ“ кој божем спонтано, преку лажниот вмровец Митко Георгиев – Џокеро, ќе му биде даден на „луд“ Бучко  како „информација“ од дотичниот посредник во водењето на бугарски пасоши, дека Бонева има бугарски пасош („луд“ Бучко како премиер збеснал од анкетите кои кажуваа дека изборите ќе ги изгуби СДСМ).

Како лесно подложен на манипулација „луд“ Бучко со помош на „корумпираните“ министри  од ДУИ отиде и на работна посета кај Буш Помладиот. Резултатот од таа посета беше изјавата на тогашнниот ни премиер Бучковски дека Република Македонија треба да го признае Независно Косово, т.е. дека РМ наместо неутрален треба да биде активен чинител во „радружувањето“ на Косово од Србија. Тогаш на „луд“ Бучко баш го болеше што мисли официјален Белград за него, важно му беше да се прослави како спроводник на американската политика на Балканот.

Во времето на премиерувањето на „луд“ Бучко Грција немала ништо против да се зачлениме со „референцата“ во НАТО и ЕУ. А зошто би имала, кога на тој начин на Грција и се зголемуваат шансите привремента  „референца“ FYROM да ни ја наметне како наше вечно  име во ОН.

Додека премиеруваше „луд“ Бучко влезе во филмот дека ќе стане американски човек, балкански фактор, посакуван од Грција, Албанија, Косово и Бугарија. Во филмот на Бучко немаше место за Папата, а официјален Белград не постоеше.

Сето тоа не му се допаѓаше на Папата на Св.СДСМ, како што не му се допадна и  намерата на „луд“ Бучко и Љубчо да го славиме Илинденско-Преображденското востание заедно со Република Бугарија (та нели Огранизацијата што во 1903 г. го кренала востанието во Македонија и Одринско се викала Тајна Македоно-Одринска Револуционерна Организација, скратено ТМОРО).

Се разбира, со „луд“ Бучко не смееше никој да манипулира, освен Папата на Св.СДСМ. Убеден сум дека е основано мислењето дека „А1“ против „луд“ Бучко поведе пропагандна војна по директива на Папата. Верувам дека е сосема точно мислењето дека партиите на Велија Рамковски и Тито Петковски се создадени по директива на Папата на Св.СДСМ, со цел: од една страна сдсмовската политика да се ослободи од „луд“ Бучко како лесно подложен на манипулација од американската, албанската, грчката и бугарската политика, а друга, партиите на Велија Рамковски и Тито Петковски, како и онаа на Стојан Андов,  да бидат тројанските коњи во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои во погоден момент по директива на Папата ќе го остават Премиерот Никола Груевски без парламентарно мнозинство.

Другиот мотив за создавањето на партијата на Тито Петковски е ловењето во клопка на незадоволните членови на СДСМ, кои поради незадоволството од Папата може да паднат во прегратките на ВМРО-ДПМНЕ. Таквото неверство Папата на Св.СДСМ може да го прости само ако има полза од него, а ползата е очебијна: иако Тито Петковски не успеа да ја одигра до крај ролјата на тројански коњ во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, мнозинството од „титоистите“ сфатија дека што и да прават, изборот е еден. Тој ги прави грешници. Тој ги ослободува од гревот, ако се покајат верно служејки му. Без него се никој и ништо.  Затоа, тој е нивен, а тие се негови. Токму затоа и „титоистот“ Веле Митановски, кој јавноста го знаеше како „еретик“ на Папата,  во својата последна колумна настапувајки сеирџиски, како да е портпарол на Папата, на „луд“ Бучко му се заканува: „Седи си мадро, да не носиш модро“.

image
Како што своевремено на Шекериснка ѝ падна честа да се справи со Есад Рахиќ, така деновиве и на Весна Бендевска ѝ припадна честа да му каже збогум на „луд“ Бучко кој во минатото се прослави како еден од мажите што управувал со СДСМ.

Значи, на ул. Бихачка нема ништо ново. Никако да одлепат од Бранко. А, и „луд“ Бучко сеуште  не сфатил дека не е до Бранко што СДСМ не може да го победи Груевски, туку до дамата која раководи со СДСМ .

Ако навистина има таква дама која раководи со СДСМ, се наметнува прашањето која е таа умна жена што задкулисно го управува СДСМ сите овие години?

Според Митановски, на Бучковски му било јасно која е таа таинствена дама што раководела и раководи со СДСМ.  Јас не го знам одгворот на прашањето. Можеби Веле Митановски, кога зборува за дамата која го раководи СДСМ, мисли на Наташа Савова, која во јавноста е позната како личен совентник на Бранко Црвенковски и шеф на неговиот кабинет додека тој беше претседател на РМ. Ако судиме според чаршиските муабети и настапите на пратеничката на СДСМ Наташа Савова во Собранието, можеме основано да се посомневаме дека таа е мозокот на СДСМ. Несомнено, Наташа Савова е најдобриот говорник од СДСМ што досега сме го слушнале. Бранко и Шема звучат како наизуст да ги научиле нејзините реченици. Додека зборува таа во Собранието, на малите екрани можеме да видеме дека сите сдсмовски пратеници со такво внимание ја слушат небаре зборува Папата над сите папи.

Според мене, Наташа Савова би можела да биде мозокот на СДСМ. Сепак да се воздржиме од заклучокот. Колумнистот Веле Митановски и „луд“ Бучко треба на јавноста да ѝ го соопшатат идентитетот на дамата што го раководи СДСМ.


image

Дали „луд“ Бучко ќе ја формира нова партија останува да видиме. Но, како што знае  и може тој да уништи некоја идеја, подобро ќе биде ич да не се зафаќа со формирањето на нова партија, затоа што така само уште еднаш на Бихачка ќе се констатира дека СДСМ може без сакого, само без Бранко не може.

(Појаснување: на прашањето зошто Владо Бучковски во моите блог-постови го нарекувам „луд“ Бучко, одговорот е само еден. Затоа што така го викаат некои негови сопартијци, а мои познаници.)

Веле Митановски: „Со СДСМ владеат мажите, а со мажите – жените!!!

Р.Ѕ.

Пред неколку дена, уште еден многу упатен човек тврдеше дека своевремено во еден кафич во Струмица ги ведел на една маса седнати: Владо Бучковски, Миле Зечевиќ, Никола Николов и Митко Герогиев - Џокеро. Овој упатен пријател тврди дека на таа средба Џокеро се фалел дека од Софија ќе донесе „доказ“ дека Бонева има бугарски пасош. Напразно било укажувањето дека лажниот доказ во форма не некаков божемен документ не вреди 5 пари затоа што не него ќе нема потписот на Бонева.

Категория: Политика
Прочетен: 3023 Коментари: 1 Гласове: 1
Последна промяна: 06.10.2011 23:53
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227155
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Октомври, 2011  >>
ПВСЧПСН
12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31