Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
културно-рекреативна програма
Автор: cande Категория: Политика
Прочетен: 227240 Постинги: 58 Коментари: 63
Постинги в блога от 07.05.2012 г.

Титоизам – бабунизам!


image

До крајот на 1918 г. на руска територија има 180.000 припадници на сојузничката војска – британска, француска, американска, јапонска, италијанска  и грчка, исто така и српски и чешки контингенти и плус 300.000 души антибољшевистички руски сили. Но, никој од Сојузниците не поведува војна за уништување на Ленин и неговите бољшевици. Исклучок е Винстон Черчил, веројатно згрозен од убиството на руското царско семејство на 16.07.1918 г. и од дрскоста на Ленин на 31.08.1918 г. да испрати свои другари да ја нападнат Британската амбасада и да го убијат британскиот воен атеше, капетан Кромби. Черчил огорчен, на членовите на неговиот кабинет им кажува дека Ленин и Троцки треба да се фата и обесат „како објект, врз кој треба да се примени правото, без разлика на тоа колку време ќе ни треба да го направиме тоа. И да се натерат да почувствуваат дека казната ќе стане важен дел од британската политика“.

На 26.11.1918 г. пред своите избирачи Черчил кажува дека бљолшевиците ја водат Русија кон „животинска фарма на варварството“ кадешто владеат со крвави застрашувачки колежи и убиства, извршени во голем степен со кинески егзекуции и блиндирани коли... Цивилизацијата се уништува целосно на оргомно пространство, додека врз руините од градовите и труповите на своите жртви бољшевиците подскокнуваат и лудуваат како стадо диви бабуни“.

На 11.04.1919 г. констатира: „Од сите тирании во историјата, бољшевичката тиранија е најлошата, најразрушувачката и најсрамната.“

Според Черчил,злоделата на Ленин се „неспоредливо поодвратни, во поголем обем и  помногубројни, отколку кое и да е злодело на Кајзерот“.

Во разговор со Лојд Џорџ, Черчил кажува: „Можете со истиот успех да ја легализирате содомијата (сексот со животни), како да сете ги приазнале бољшевиците“.

Во разговор со Х.А.Л. Фишер: „После покорувањето на сите Хуни – тигрите на светот – јас нема да отстапам да ме  победат бабуни.“

Штом режимот на Ленин ќе зајакне, ќе сатне поекспазионистички од царска Русија и „силно милитаризиран“. Но, Черчил во тоа време нема средства за борба против бољшевизмот.

На 21.02.1921 г. на Лојд Џорџ, Черчил му пишува: „Немам никаква руска политика. Не знам никаква руска политика. Јас отидов во Париз да барам руска политика! Јас жалам за отсуството на руска политика.“

Черчил во 1921 г. сепек признава дека не е работа на Западот да го уништи Ленин: „Русија треба да се спаси со руски сили.“ На 14.02.1919 г. Черчил кажува дека и тој за повлекување на британските трупи. „Нашите војски не прават ништо добро во Русија. Тие не знаат за кој и за што, се борат.“

Франција истотака не покажува интерес да ја спаси Русија од Ленин. Французите се заинтересирани за издигањето на новиот сојузник Полска, како голема држава, но и како марионетка на Франција, каква што во одредени временски периоди била Полска за времето на монархиите. Во Лондон, Лојд Џорџ е загржен за јавното мнение: „Единствената помош за распространувањето на бољшевизмот е обидот тој да се угиши. Испражањето наши војници да ги стрелет бољшевиците, значи да се создаде бољшевизам тука.“

Така, после Првата светска впјна и бољшевизмот е прогласен за самоопределување. Но, во Втората светска војна Черчил има „руска политика“, тој е еден од главните протагонисти на политиката против советизацијата на Балканот, а со тоа и против почитуваањето на националните права на Македонците во Грцијa.


image

 

Во 1944 г. во италијанското гратче Казарета Черчил се среќава со  Ј.Б. Тито.На средбата,  Черчил го прашал Тито, што ќе биде после војната: „сиромав советски чиновник“, или „балкански мангуп, кој на нему својствен начин ќе ги изигрува двете страни“  т.е. Истокот и Западот. Тито одговорил дека ја избрал „независноста на Југославија“.

Откако ќе избие на виделина конфликтот Тито-Сталин во 1948 г., Сталин ќе ги обвини Тито дека е: „подол капиталистички агент“.  Обидот на Сталин физички да го ликвидира Тито завршува неуспешно. Тито го победува Сталин со употеба на Лениновите лекции за контрола на поведнието на поданиците. Добивајки од САД огромни количини на воена, материјална и парична помош, Титовите „бабуни“ ги победиле Сталиновите „бабуни“.

image


Категория: Политика
Прочетен: 1270 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 07.05.2012 04:53
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227240
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Май, 2012  >>
ПВСЧПСН
123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031