Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
културно-рекреативна програма
Автор: cande Категория: Политика
Прочетен: 227261 Постинги: 58 Коментари: 63
Постинги в блога от Септември, 2011 г.

Другомисловните за пратеничката Ленче Николовска се троскот (плевел), кој треба да се уништи со тотален хербицит (сеопфатен убиец на растенија).  Со воздишка, жали што не може оние кои мислат различно од неа да ги уништи како плаевел.

image

Благодарам на мнозинството на македонскиот народ кој не се согласи Ленче Николовска да стане министер за земјоделие, а Заев вицепремиер. Во спртивно, мајчето ќе му го раплакаа на народот, еден жив ќе го јадеше, друг ќе го труеше, како што велат, дека Велија Рамковски продавал украински (Чернобилски) копани како американски.

image

Ленче Николова, пратеничката од партијата на Велија во ќелија, која во јавноста се претставува како борец за слобода на говорот и дуги Човекови права, само за една искажана шега се заканува:  „ах за вас троскотот, само тотални хербициди...“ Ленче не е како Заев. Не сака живи да не јаде, туку да нѐ истрови.

Троскотот е најопасниот и најшетен плевел (плевел е штетно растение во земјоделието). Проблеми прави и во градските средини, способен е да ги уништи асфалтните пешачки и велосипедски патеки. Во една македонска народна приказна троскотот кажува: ако не ми е срам, ќе израстам и на газот на магарето. Троскотот се размножува на два начина, со семе и ризоми (ризоми, лаички кажано се делови од коренот). Ризомите на троското и после 20 години поминати во лабораториска тегла, повторно никнат. На колку делчиња ќе му се сосече коренот, на толку нови растенија ќе се рамножи. Колку повеќе го толчите, толку повеќе размножува. Тешко се уништува и со хемиски средства (тотален хербицит).  Другото македонско име за троскот е пиреј. „Пиреј“ се вика и еден од романите на писателот Петре М. Андреевски во кој тој пишува за неуништливоста на Македонцот. Е, такви сме ние ВМРОвците, како троскот, како пиреј, неуништливи.

  image

Пратеничката Ленече Николовска не поднесува политичка шега, а во јавноста крева врева дека се бори за слободата на зборот. Политичар кој не поднесува политичка шега на негова сметка не може да биде и борец за Човековите права и слободи. Тоа е пораката од романот на Милан Кудер „Шега“ (тоталитарната власт не толерира било каква шега  на нејзина сметка). Без полтичка шега нема слобода на говорот, а без слобода на говорот нема Човекови права и слободи. Цело е кога има сѐ.  

Од крајот на 2006-та г. до денес имам постирано околу 200 страници со нешто повеќе фотошоп монтажи. Речиси на сите овие кариактури (направени како уроци во учењето photoshop) се наоѓаат најмногу ликови од елитата на СДСМ. Веројатно не им е мило што на овој начин се подбивам со нивните политики. Никогаш не сум ни помислувал дека некој од оние кои го фотошопирам дека ќе ми упатат било каква забелешка што се забавувам на овој начин. И фала богу, со ништо не ми укажале дека не им се допаѓа оваа моја забава, на раат си уживам во слободата на говорот. Првиот политичар кој ми се обраќа да ми каже дека не му се допаѓа оваа моја забава е пратеничката Ленче Николовска од партијата на Велија Рамковска. Да, таа е таа Ленче од  tv A1 која во своите јавни настапи глава дава за слободата на говорот.

 
Категория: Политика
Прочетен: 1415 Коментари: 1 Гласове: 1
Премиер Мејкер (Prime Maker)

image
ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ПРЕМИЕРИ

image
ПРОРОКОТ НА Св.СДСМ

image
ВО СТАРОТО ВИСКИ Е ВИСТИНАТА

image
АМБИЦИОЗНОСТА И ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА НЕ ОДАТ РАКА ПОД РАКА
Категория: Политика
Прочетен: 864 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 23.09.2011 04:55
ШТО ГО СОВЕТУВАЛ БЕРЛУСКОНИ НА ЦРВЕНКОВСКИ?  

image Бранко Европски решил на лебче да ги намачка Грците и Американците.
Што и предходеше на најновата вест на Викиликс?
Неодамна Викиликс објави депеша на американскиот амбасадор Филип Рикер во која Бранко Црвенковски бил опишан како: интригант, љубител на старо виски и македонски политичар со најмногу разбирање за грчкото барање и со најмногу познавање на светската полика.
Погоре кажаното, преведено од дипломатски на разговорен значи: Бранко дава бијан (знаци) дека е може да ги задоволи американските и грчките интереси, ама не може да му се верува затоа што е интригант и љубител на старо виски. Следствено на тоа, администрацијата во Вашингтон немала никаква полза од ова депеша на Рикер, затоа што во Белата куќа уште од 1992 год. знаат дека Бранко Преваранко лесно ветува, а уште полесно ги заборава дадените ветувања.  
image
На овие избори Шекеринска и Св.СДСМ се пофали дека ангажирале значајна фаца од изборниот штаб на Обама. Белата куќа иако не е всохитена од интригантот и љубителот на старо виски, сепак е спремана да го искористи за сопсвените цели.
    Најнова вест!
Викиликс објави теан документ на американската Централна Разузнувачка Агенција (Central Intelligence Agency, скратено CIA) во кој е запишано што разговарале Силвио Берлускони и  Бранко Црвенковски.  Во документот е наведено дека Црвенковски пред Берлускони се пофалил колку знае, колку може. На фалбите од Црвенковски, Берлоскони рекол: „Подобро е да си љубител на млади жени, отколку на старо виски, така помалку ќе го дупиш народот.“

  image
Категория: Политика
Прочетен: 5002 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 23.09.2011 04:19
12.09.2011 19:11 - НАДЕЖ
Надеж

image Предизборната амбиција на Бранко Црвенковски.
  Не е думата само за надежта која последна умира. Тука станува дума и за аферата „Надеж“ инспирирана и креирана од Бранко Црвенковски. Кога се обелодени аферата „Надеж“, поранешниот државник Бранко Црвенковски изјави дека ангажирањето на странска PR-агенција, го направил транспарентно, т.е. со распишан тендер, иако можел тоа да го направи и тајно, т.е. без да остави доказ дека трошел народни пари за ангажирање на странска PR-агенција која ќе му ја осмили пропагандата за изборен пораз на коалицијата предводена од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
  Претходниот претседател на Република Македонија (како било кој претседател на било која држава), имаше право и обврска нетранспаретно да троши народни пари само во случаи кога ги брани граѓаните од опасности кои го загрозуваат териоријалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Веројатно охрабрен од PR-агенција која му го смислила планот за изборна победа на СДСМ, Бранко Европски со споменатата изјава сакаше да го етикетира Премиерот Никола Груевски како државен и народен непријател.
  Во аферата „Надеж“ незнам каква политичко-пропагандна тактика и стратегија му била пикната во главата на Бранко, но знам дека по притварањето на првообвинетиот во криминалната „Пајажина“, од јануарскиот демагошки марш на СДСМ, тој истиот Бранко налудничаво (како Хителер и Мусолини) врескаше: „Народот бара избори“.
  – „Грујо, народот го бара Бранко“ – бранковци во името на народот се фалеа на јануарскиот марш на СДСМ.
 
image
За жал на Бранко и бранковци, а за радост на мнозинството македонски граѓани, на изборите се потврди дека народот не го бара Бранко, дека народот го сака Груевски.   image
Бранко и бранковци во филмот „Бранко го буди Груевски“.

Народот и кога греши е во право“ – се правдаше за поразот поразениот Бранко.

Така е. Народот греши. Народот е грешен. Но, не и Бранко.

Св.СДСМ е безгрешен.

image   Два месеца после изборите, љубителот на старо виски, евоцира спомени за тоа кој побарал предверемени избори.

Бранко не ќе е Бранко (Преваранко), ако пред „мерачите на аплаузи“ и другите бранковци веднаш не си најдеше оправдување за празните ветувања и ширењето на лажната надеж. Демек: „Во голема заблуда се сите оние што мислат дека предвремените парламентарни избори се случија затоа што опозицијата ги бараше“ (интервју на Б.Црвенковски „Утрински Весник“ 06.08.2011). Ако изборите се случија по барање на Бранко Преваранко секако тој ќе беше победникот, но што да се прави кога власта бараше предвремени избори?!

  image
ИЗБОРОТ Е ЕДЕН!

image
   Резулатати на парламентарните избори во 2006-та, 2008-ма, 2011-та година и прогноза за резултатите на следните парламентарни избори.

Основаноста на оваа прогноза не е само во приватните констатации на „луд“ Бучко дека мнозинството на граѓаните сфатиле колку е неоснована сдсмовската критика на проектот „Скопје2014“, дека телевизијата А1 на Бранко и бранковци им донеле повеќе гласови отколку целокупниот човечки и материјален потенцијал на СДСМ. Според овие приватни констатции на „луд“ Бучко, пратениците на Бранко Преваранко во новиот состав на Собранието влегоа како стариот волк во трлото (стариот влегол неможејки да лови, здогледал млад голем овен и кришум тргнал по него, гледајки како му се мавтат ташаците на овенот ту на лево, ту на десно, стариот волк си помислил дека секој миг може да му паднат ташаците на овенот, та така занесен во неоснованата надеж дека ќе нахрани влегол во трлото каде го утепале).
  Основаноста на оваа прогноза произлегува од „емисијата“ на емоции кои зрачат од сдсмовските пратеници. – Не треба повеќе од пола саат да ги гледате во Собранието на Република Македонја, за да заклучите дека главите им вријат од емитување на негативна енергија која носи злоба и омраза кон секој кој не е со нивниот Бранко Преваранко.
  Додека вмровци заедно со граѓаните се радуваа што Груевски пушта во употреба нови автобуси, нов аеродром, нова болничка опрема, сече ленти во „Бунарџик“, додека Македонија се радуваше на прекрасната прослава на 20-годишнината од независноста на Република Македонија, бранковци и Бранко Преваранко се сокрија во глувчешка дупка, оти си мислеа дека, ако се радуваат заедно со народот ќе му растел рејтингот на Груевски. Додека вмровци се радуваат што ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски направија за прв пат Македонците да се гордеат што се Македонци, единствената надеж на бранковци е тоа што Бранко Преваранко е на чело на Св.СДСМ.

  image

image

image

image
Така ќе биде и на следните избори. Љубителот на старо виски и мајсторот за интриги сеуште ќе се сонува како го буди Груевски.
Категория: Политика
Прочетен: 1872 Коментари: 3 Гласове: 1
Последна промяна: 13.09.2011 12:25
Да победеше на изборите, карикатурата ќе беше: Дон Корлеоне телефонира.

image


image

Категория: Политика
Прочетен: 989 Коментари: 0 Гласове: 1
04.09.2011 18:52 - Б O J K O T !
 За да не му растел рејтингот на Груевски Б.Ц. & Св.СДСМ ќе ја бојкотирале прослава на дваест годишнината од прогласувањето на самостојна Република Македонија.

Оваа сдсмовска причина е неоргинална, ама сосема разбирлива. Тука нема љутиш. Како сметат да си ловат гласачи нека си ловат, а на гласачите е да се пазат од политичарите кои ги третираат како глупави риби кои се ловат на јадица.

Другата причина била што не им се допаѓал проектот Скопје 2014-та.

Тоа го знаевме од предизборната кампања кога сдсмовците се пофалија дека ќе го разубават плоштатдот „Македонија“ така што ќе го ослободат од пренатрупаните споменици, разнесувајки ги широм по градовите во внатерешноста на РМ.

Тууу, како не победи Св. СДСМ на овие избори, сега ќе си имавме два лава на Рикиџијски мост во Струмица, четири на мостот реката Лајнарка во Прилеп, фонтани во пресушената реката Отиња среде Штип. Целата Македонија ќе ни беша убава, а не само плоштатдот во нашиот главен град.

Трета причина за бојкотот на прославата им била тоа што не сакале Декларацијата за независноста да им стоела во музеј каде што ќе била и восочната фигура на Ванчо Михајлов (последниот претседател на ЦК на ВМРО).

Оваа причина им е најјаката. Ванчо Михајлов бил во спрега со бугарските тајни служби, убивал комунисти, убедени или платеници на советското, француското, српското и грчко разузнавање. Згора на тоа Ванчо Михајлов после  државниот преврат од 19-ти мај во Бугарија (организиран од советското, француското и срспкото разузнавање  со цел да се забрани дејноста на ВМРО во Бугарија) го убил српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Затоа е сосема разбирливо што пратеникот Емилијан Станковиќ, Б.Ц. & Св.СДСМ, не сакаат историската Декаларација за Суверена Македонија да стои во музеј каде е сместена восочната фигура на македонскиот крвник Ванчо Михајлов, кој е таков каков што е, и поради тоа што не испратил ниту еден Македонец во затворот Идризово, или во злогласниот конц логор на Голи Оток.

И Ванчо Михајлов и другарот Тито убивале Македонци без суд и пресуада. Сега за сега, во музејот каде што ќе се чува историската декларација, нема восочни фигури на некогаш најмилите ни другари како што беа другарите Тито и Лазо, ама еден ден ќе има, оти вистинските музеи се немаат ништо со политичките манипулации. Кога ќе се случи тоа би сакал да го слушнам коментарот на Емилијан Станковиќ за тоа што во ист музеј ќе бидат сместени восочните фигури на диктаторот Тито и крвникот Ванчо Михајлов, а можеби и на крвожедниот српски четнички војвода Дража Михаловиќ (Дража Михаловиќ бил военото атеше на Кралска Југославија во Софија 1934 г. и еден од главните организатори на државниот преврат од 19-ти мај 1934 г. во Софија со кој била инсталирана мариоетска бугарска влада која ја забранила дејноста на ВМРО во Бугарија, а Ванчо Михајлов го осудила на смрт).

Незнам дали навистина има некава „тајна врска“ меѓу семејството на Емилијан Станковиќ и Дража Михајловиќ, но јас како Македонец знам оти не треба да дејствувам за бришење на Ванчо Михајлов од македонското колективно сеќевање, затоа што тој Ванчо не им се допаѓал на великосрпскиот војвода Дража Михајловиќ, на сдсмовскиот пратеник Емилијан Станковиќ.

Четврта причина за бојкот на прославта им е најполезна. На Грција и „меѓунароната“ не им се допаѓал проектот Скопје 2014-та. Значи, оваа причина за бојкотот може да ја наречеме супозиториска, или упикувачка. Гајле им на Б.Ц. & Св.СДСМ за радоста на македонските граѓани, битно им е во некој извештај на Викиликс да прочитат дека американски амбасадор напишал оти Бранко Црвенковски најмногу ја разбира светската политика и дека има големо срце за грчките барања. Важно им е да креваат џева дека Груевски ги дели граѓаните, а тие ништо да не направат за македонското национално единство.

И сега, како и секогаш, Б.Ц. & Св. СДСМ не ги кажаа сосема искрено мотиви за своите постапки.  Бојкотот на прославата им е мотивиран од една единствена причини: сметаат дека, ако се појават на прославата нема да добијат ништо, а само ќе се изглупираат затоа што до неодамна неразумно беа априори против проектот Скопје 2014-та (пред изборите, деломну го прифатија проектот, демек ќе го менувале). Значи, бојкотираат затоа што Б.Ц. & Св.СДСМ до безсвет ги боли нивната тајна констатација од пред неколку месеци, која неодамна „луд“ Бучко јавно ја соопшти. Имено, во својата колумна од 26.08.2011  год. во врска со „нерешливата загатка за СДСМ“ (т.е. загатката „како да му се парира на Груевски“), „луд“ Бучко безсрамно признава:

„Вториот голем проблем за СДСМ и опозицијата воопшто, е промената на јавното мислење во поглед на проектот „Скопје 2014“.Беше очигледно дека овој проект… беше дочекан на „нож“ … Но, денес, барем јас имам таков впечаток, работите се менуваат во полза на ВМРО-ДПМНЕ. Многумина кои беа скептични кога ги гледаа карабините на објектите, дупките и тарабите околу спомениците почнаа да го менуваат мислењето. Денес кога дојава „Воинот на коњ“, кога и најоспоруваниот објект Триумфална капија, е во завршна фаза, кога Уставниот суд од левата страна на Вардар доминира во просторот, спласнаа критиките. Темпото со кое се завршуваат објектите и со кое беа поставувани спомениците, открива дека ВМРО-ДПМНЕ ги сметаше нив за главен адут во изборната трка, која ако не беше барањето на СДСМ за предвремени избори, ќе се одржеа напролет в година. Имајќи го ова предвид изгледаат несериозни обидите на Црвенковски (на конгресот во Битола и во интервјуто во „Утрински“) да прикаже дека не СДСМ, туку ВМРО-ДПМНЕ, сакал предвремени избори, затоа што јуни бил последен термин кога ВМРО-ДПМНЕ можел да победи. Според мене, напротив, ВМРО-ДПМНЕ посакуваше најпрвин промоција на дел од проектот „Скопје 2014“, па избори во редовен термин. Како и да е, на 8 Септември, на дваесетгодишнината од независноста на Македонија, ќе се изнагледаме с` и сешто, ќе возат двокатните автобуси, ќе има и парада, ќе мине гардата под Триумфалната капија, ќе „никнат“ фонтаните од Вардар, ќе блесне „Воинот на коњ“, на плоштадот ќе пеат илјадници деца-славејчиња, ќе ја спуштат Каролина со кран… Ќе има „игри за народот“. Тие ќе си бидат среќни и весели, а ако им текне дека „немаат леб да јадат“, ќе има и леб, покрај игрите…

Дефинитивно, грандиозната прослава која се подготвува ќе даде белег на овој дел од политичката сезона. Тука СДСМ нема многу што да прави. Ќе треба да се чествува заедно со ВМРО-ДПМНЕ (ако остави простор власта за такво нешто). Ова е добра шанса, барем за момент да се потисне нетрпеливоста и пизмата меѓу лутите политички ривали.“ (линк до колумната од која е зеден цитатот)

Оваа јавно признаие на „луд“ Бучко за погрешниот однос на Б.Ц. & Св. СДСМ кон граѓаните во врска со проектот Скопје 2014-та, иако е пред се критика упатена на адресата на Бранко Црвенковски, може да се толкува и како некакво извинување до членовите на СДСМ и граѓаните кои претрпеа штети од напразно потрешеното врме,  енергија и средства во сдсмовската камања против проектот Скопје 2014-та. Можеше и Б.Ц. & Св. СДСМ со своето присуство на прослава да премолчено да упати извинување до членовите на СДСМ и граѓаните на Македонија кои напразно си го потрошија времето во глупавта кампања против проектот Скопје 2014-та.

image

 Според содржината на еден графит, Љубчо Скопје ќе го направел како Благоеврад. Б.Ц.&Св.СДСМ ни се пофалија дека спомениците од проектот Скопје 2014-та ќе ги дистрибуираат по другите градови во Република Македонија.

   Р.Ѕ. Некои велат дека Б.Ц. & Св. СДСМ ја бојкотираат прославата затоа што сега се срамат да признаат дека не заковале ниту една шајка во проектот и дека напразно ги пумпале граѓаните против проектот Скопје 2014-та. Не се согласувам со оваа констатција, од проста причина што, Б.Ц. & Св. СДСМ немаат срам, оперисани се од срам. Се работи за чиста матаматика: завист, омраза, злоба и манипулација со граѓаните. Ги боли тоа што од мнозинството на граѓаните на последните избори не му дадоа доверба на Б.Ц. & Св. СДСМ да се прослават како пластични хирурзи, шминкери и фризери на проектот Скопје 2014-та. Убеден сум оти сега ќе си ги изедат јајцата што играа на погрешна карта.

 

Линк до „Бранко Европски се пишмани што собра некакви дневно политички поени кревајки врева пртив „спомениците“.“
(24.01.2011 г.)

 

Категория: Политика
Прочетен: 1848 Коментари: 4 Гласове: 1
Последна промяна: 05.09.2011 16:22
image
 Пред изборите Зајко Наш - голем маж се пофали дека ќе купи топови и пушки и ќе оди во планина, ако пак го упасат. Но, откако не замина кај партизаните, Зајко Наш – голем маж се пофали дека ќе стане Премиер, та му се отвори апетитот за јадење живи луѓе, зашто му беа пораснале амбициите за вработување на првите братувчеди од неговата чесна дружина. Арно, ама, тоа не му се допадна на Ежко Таралежко, та го посоветува Зајко Наш голем маж да не збори јавно за тоа што си го зборат тајно, оти не е арно да се чалами толку многу со јадењето гурабии. Зајко Наш голем маж се најде на голем зорт, виде не виде, се извини за јадењето лајна и се пофали дека ќе стане Вице Премиер за економија со особен интерес за Струмица. Но, во струмичката дружина на Зајко Наш голем маж разбраа дека Вице - брат му на Зајко Наш, ќе станел премиер та го прашаа: „Што ти текна брат ти Вице да го правиш Премиер, тој си е по бизнисот, сега и политиката ли ќе ни ја контролира?“ Потоа, Зајко Наш на својата чесна дружина ѝ даде објаснение дека зборот Вице Премиер  значи замнеик премиер и дека тој ќе биде заменик премиер со особен интерес за Струмица. Неговата чесна дружина многу се израдува оти си мислеше дека ќе цица од две мајки, едната – општинската каса, а другата – државниот буџет. Арно, ама дојде 5-ти јуни и Зајко Наш голем маж се скри во зајчешката дупка. 

image Кардиналот на Св.СДСМ  
Категория: Политика
Прочетен: 1584 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 02.09.2011 03:13
01.09.2011 18:22 - Наивко
Категория: Политика
Прочетен: 1412 Коментари: 3 Гласове: 1
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227261
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Септември, 2011  >>
ПВСЧПСН
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930