Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
културно-рекреативна програма
Автор: cande Категория: Политика
Прочетен: 227138 Постинги: 58 Коментари: 63
Постинги в блога от 04.09.2011 г.
04.09.2011 18:52 - Б O J K O T !
 За да не му растел рејтингот на Груевски Б.Ц. & Св.СДСМ ќе ја бојкотирале прослава на дваест годишнината од прогласувањето на самостојна Република Македонија.

Оваа сдсмовска причина е неоргинална, ама сосема разбирлива. Тука нема љутиш. Како сметат да си ловат гласачи нека си ловат, а на гласачите е да се пазат од политичарите кои ги третираат како глупави риби кои се ловат на јадица.

Другата причина била што не им се допаѓал проектот Скопје 2014-та.

Тоа го знаевме од предизборната кампања кога сдсмовците се пофалија дека ќе го разубават плоштатдот „Македонија“ така што ќе го ослободат од пренатрупаните споменици, разнесувајки ги широм по градовите во внатерешноста на РМ.

Тууу, како не победи Св. СДСМ на овие избори, сега ќе си имавме два лава на Рикиџијски мост во Струмица, четири на мостот реката Лајнарка во Прилеп, фонтани во пресушената реката Отиња среде Штип. Целата Македонија ќе ни беша убава, а не само плоштатдот во нашиот главен град.

Трета причина за бојкотот на прославата им била тоа што не сакале Декларацијата за независноста да им стоела во музеј каде што ќе била и восочната фигура на Ванчо Михајлов (последниот претседател на ЦК на ВМРО).

Оваа причина им е најјаката. Ванчо Михајлов бил во спрега со бугарските тајни служби, убивал комунисти, убедени или платеници на советското, француското, српското и грчко разузнавање. Згора на тоа Ванчо Михајлов после  државниот преврат од 19-ти мај во Бугарија (организиран од советското, француското и срспкото разузнавање  со цел да се забрани дејноста на ВМРО во Бугарија) го убил српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Затоа е сосема разбирливо што пратеникот Емилијан Станковиќ, Б.Ц. & Св.СДСМ, не сакаат историската Декаларација за Суверена Македонија да стои во музеј каде е сместена восочната фигура на македонскиот крвник Ванчо Михајлов, кој е таков каков што е, и поради тоа што не испратил ниту еден Македонец во затворот Идризово, или во злогласниот конц логор на Голи Оток.

И Ванчо Михајлов и другарот Тито убивале Македонци без суд и пресуада. Сега за сега, во музејот каде што ќе се чува историската декларација, нема восочни фигури на некогаш најмилите ни другари како што беа другарите Тито и Лазо, ама еден ден ќе има, оти вистинските музеи се немаат ништо со политичките манипулации. Кога ќе се случи тоа би сакал да го слушнам коментарот на Емилијан Станковиќ за тоа што во ист музеј ќе бидат сместени восочните фигури на диктаторот Тито и крвникот Ванчо Михајлов, а можеби и на крвожедниот српски четнички војвода Дража Михаловиќ (Дража Михаловиќ бил военото атеше на Кралска Југославија во Софија 1934 г. и еден од главните организатори на државниот преврат од 19-ти мај 1934 г. во Софија со кој била инсталирана мариоетска бугарска влада која ја забранила дејноста на ВМРО во Бугарија, а Ванчо Михајлов го осудила на смрт).

Незнам дали навистина има некава „тајна врска“ меѓу семејството на Емилијан Станковиќ и Дража Михајловиќ, но јас како Македонец знам оти не треба да дејствувам за бришење на Ванчо Михајлов од македонското колективно сеќевање, затоа што тој Ванчо не им се допаѓал на великосрпскиот војвода Дража Михајловиќ, на сдсмовскиот пратеник Емилијан Станковиќ.

Четврта причина за бојкот на прославта им е најполезна. На Грција и „меѓунароната“ не им се допаѓал проектот Скопје 2014-та. Значи, оваа причина за бојкотот може да ја наречеме супозиториска, или упикувачка. Гајле им на Б.Ц. & Св.СДСМ за радоста на македонските граѓани, битно им е во некој извештај на Викиликс да прочитат дека американски амбасадор напишал оти Бранко Црвенковски најмногу ја разбира светската политика и дека има големо срце за грчките барања. Важно им е да креваат џева дека Груевски ги дели граѓаните, а тие ништо да не направат за македонското национално единство.

И сега, како и секогаш, Б.Ц. & Св. СДСМ не ги кажаа сосема искрено мотиви за своите постапки.  Бојкотот на прославата им е мотивиран од една единствена причини: сметаат дека, ако се појават на прославата нема да добијат ништо, а само ќе се изглупираат затоа што до неодамна неразумно беа априори против проектот Скопје 2014-та (пред изборите, деломну го прифатија проектот, демек ќе го менувале). Значи, бојкотираат затоа што Б.Ц. & Св.СДСМ до безсвет ги боли нивната тајна констатација од пред неколку месеци, која неодамна „луд“ Бучко јавно ја соопшти. Имено, во својата колумна од 26.08.2011  год. во врска со „нерешливата загатка за СДСМ“ (т.е. загатката „како да му се парира на Груевски“), „луд“ Бучко безсрамно признава:

„Вториот голем проблем за СДСМ и опозицијата воопшто, е промената на јавното мислење во поглед на проектот „Скопје 2014“.Беше очигледно дека овој проект… беше дочекан на „нож“ … Но, денес, барем јас имам таков впечаток, работите се менуваат во полза на ВМРО-ДПМНЕ. Многумина кои беа скептични кога ги гледаа карабините на објектите, дупките и тарабите околу спомениците почнаа да го менуваат мислењето. Денес кога дојава „Воинот на коњ“, кога и најоспоруваниот објект Триумфална капија, е во завршна фаза, кога Уставниот суд од левата страна на Вардар доминира во просторот, спласнаа критиките. Темпото со кое се завршуваат објектите и со кое беа поставувани спомениците, открива дека ВМРО-ДПМНЕ ги сметаше нив за главен адут во изборната трка, која ако не беше барањето на СДСМ за предвремени избори, ќе се одржеа напролет в година. Имајќи го ова предвид изгледаат несериозни обидите на Црвенковски (на конгресот во Битола и во интервјуто во „Утрински“) да прикаже дека не СДСМ, туку ВМРО-ДПМНЕ, сакал предвремени избори, затоа што јуни бил последен термин кога ВМРО-ДПМНЕ можел да победи. Според мене, напротив, ВМРО-ДПМНЕ посакуваше најпрвин промоција на дел од проектот „Скопје 2014“, па избори во редовен термин. Како и да е, на 8 Септември, на дваесетгодишнината од независноста на Македонија, ќе се изнагледаме с` и сешто, ќе возат двокатните автобуси, ќе има и парада, ќе мине гардата под Триумфалната капија, ќе „никнат“ фонтаните од Вардар, ќе блесне „Воинот на коњ“, на плоштадот ќе пеат илјадници деца-славејчиња, ќе ја спуштат Каролина со кран… Ќе има „игри за народот“. Тие ќе си бидат среќни и весели, а ако им текне дека „немаат леб да јадат“, ќе има и леб, покрај игрите…

Дефинитивно, грандиозната прослава која се подготвува ќе даде белег на овој дел од политичката сезона. Тука СДСМ нема многу што да прави. Ќе треба да се чествува заедно со ВМРО-ДПМНЕ (ако остави простор власта за такво нешто). Ова е добра шанса, барем за момент да се потисне нетрпеливоста и пизмата меѓу лутите политички ривали.“ (линк до колумната од која е зеден цитатот)

Оваа јавно признаие на „луд“ Бучко за погрешниот однос на Б.Ц. & Св. СДСМ кон граѓаните во врска со проектот Скопје 2014-та, иако е пред се критика упатена на адресата на Бранко Црвенковски, може да се толкува и како некакво извинување до членовите на СДСМ и граѓаните кои претрпеа штети од напразно потрешеното врме,  енергија и средства во сдсмовската камања против проектот Скопје 2014-та. Можеше и Б.Ц. & Св. СДСМ со своето присуство на прослава да премолчено да упати извинување до членовите на СДСМ и граѓаните на Македонија кои напразно си го потрошија времето во глупавта кампања против проектот Скопје 2014-та.

image

 Според содржината на еден графит, Љубчо Скопје ќе го направел како Благоеврад. Б.Ц.&Св.СДСМ ни се пофалија дека спомениците од проектот Скопје 2014-та ќе ги дистрибуираат по другите градови во Република Македонија.

   Р.Ѕ. Некои велат дека Б.Ц. & Св. СДСМ ја бојкотираат прославата затоа што сега се срамат да признаат дека не заковале ниту една шајка во проектот и дека напразно ги пумпале граѓаните против проектот Скопје 2014-та. Не се согласувам со оваа констатција, од проста причина што, Б.Ц. & Св. СДСМ немаат срам, оперисани се од срам. Се работи за чиста матаматика: завист, омраза, злоба и манипулација со граѓаните. Ги боли тоа што од мнозинството на граѓаните на последните избори не му дадоа доверба на Б.Ц. & Св. СДСМ да се прослават како пластични хирурзи, шминкери и фризери на проектот Скопје 2014-та. Убеден сум оти сега ќе си ги изедат јајцата што играа на погрешна карта.

 

Линк до „Бранко Европски се пишмани што собра некакви дневно политички поени кревајки врева пртив „спомениците“.“
(24.01.2011 г.)

 

Категория: Политика
Прочетен: 1847 Коментари: 4 Гласове: 1
Последна промяна: 05.09.2011 16:22
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227138
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Септември, 2011  >>
ПВСЧПСН
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930