Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
13.01.2011 23:50 - ГЛАСОТ НА ГОСПОДИНОТ ЗАЕБ - ГЛАС НА ГЛАДНИОТ НАРОД
Автор: cande Категория: Политика   
Прочетен: 2414 Коментари: 2 Гласове:
3

Последна промяна: 14.01.2011 00:01


Прашање: Од што зависи независноста на независните експерти? Одговор: Од тоа што зависи зависноста на зависните експерти.   Прашање: Од што зависи зависноста на зависните експерти? Одговор: а) Според Ниче од волјата за моќ. б) Според Фројд од сексуалниот нагон. в) Според Маркс од класната свест. г) Од нешто сосема друго.  
image

image

image
  image

image

Појаснувањето на тоа „што сакал да каже авторот“ со тоа „што велат експертите“ честопати е обид за манипулација во кој манипулаторот има за цел манипулираниот да го прифати како вистина тоа што му се вели дека е вистина. Во секојдневието речиси катадневно препознаваме такви обиди за манипулација со јавното мислење при што „адвокатурата“ на манипулаторот понекогаш ни ѕуни ептен глупаво. Таква беше и последната „адвокатура“ на Мирјана Најческа која, како независен експерт за човекови прави и припадник на чесната интелегенција, ни појасни што сакал да каже авторот на заканата: „живи луѓе ќе јадеме, први бративчеди ќе вработуваме“. Демек, според Најчевска  не требало да се сфаќа живо за здраво безумната закана на „апсениот Заев“. Нејзиниот клиент во својот политички говор во Валандово употребил само фудбалски речник, а тоа според сугестијата на Најческа би требало да значи дека не се работи за било каква осветољубивост на „апсениот Заев“.
  image    Најчевска секако слушнала дека „кланот Заеви“ вложил доста пари за да го рашири својот бизнис во Валандово. Но, таа не го коментираше „фудбалскиот речник“ на „апсениот Заев“ во контекст на неговите „фалби“ дека тој лично се зафаќа со решавање на невработеноста во Валандово.

image   Штета за демокрасткатa мисла, штета за демократската теорија што Најческа не ни кажа што мисли таа за тоа како „апсениот Зеаев“ ќе се справува со невработеноста во Валандово, се разбира со посебен осврт на неговата „фалбата“ за веќе испробаниот негов рецепт како тој и СДСМ се справуваат со невработеноста во Струмица, во Охрид и секаде таму каде што СДСМ е на власт.   Социјалистите си имаат свој „феудалец во Кратово“, а зошто пак есдесовците да немаат таков во Струмица и во Валандово?   Феудализмот и човековите права и слободи не одад заедно. Секако ќе забележи Најчевска, ама во некоја друга пригода. Во сегашнава, за Најчевска неспорно е дека нејзиниот љубител на фудбалскиот речник (кој од Валандово осветољубиво се заканува како „апсениот Заев“), не сака да биде биде ниту „втор Ѕинго“, ниту политички канибал, затоа што тој е одамна докажан социјалдемократ, поради што нели е познат и како амнестираниот Заев.  

imageПретставете си, каква ќе беше „адвокатурата“ на Мирјана Најчевска ако некој вмровски функционер и бизнисмен упатеше таква закана како „апсениот Заев“ од Валандово? - Тоа е диктатура! Уцена! Заради корка леб, кутрите граѓани се принудени да се возат во бугарски воз (т.е. на гласање одат со заокружено гласачко ливче, а се враќаат со незаокружено гласачко ливче)! Феудализам, робовладетслтво, тоа е најгрубо кршење на човековите права и слободи… Со денови Најчевска ќе ни се појавуваше преку малите екрани за да ја гледаме и слушаме како ни објаснува колку голема опаснот се вмровците за човековите права и слободи.  
image
  В-к „Фокус“ го купувам редовно. Некои го нарекуваат „независен“, други „рекетарски весник“, а јас „политикин забавник“. Во првите години од излегувањето „Фокус“ другите весници ги оценуваше како весници кои претпочитаат да ги застапуваат ставовите на „народната власт“, а самиот се рекламираше како весник во кој може да се прочитат и гледиштата на „домашниот и странскиот непријател“. Деновиве, после малоумната закана на „апсениот Заев“, „Фокус“ ни се претстави и како портпарол на „гладниот народ“. Јеби га, што би рекол Латас, сите работиме за парица. А, никој не сака да работи како волот за сламата. Новинарскиот кодекс… Што беше тоа? Па се знае, кој ќе даде повеќе. Оттука, „нема љутиш“ што врвното експертското перо на реномиранта независна новинарка Јадранка Костова е ангажирано во „адвакатурта“ на „гладниот народ“.   Во суштина, исто како Најчевска, Костова како портпаролка на „гладниот народ“ својата „адвокатура“ за нејзиниот клиент „Заеб“ (таа тако го нарекува), ја темели врз „аргументацијата“ од српската народна мудрост: „кој признава, половина му се простова“, односно прво прифаќа дека нејзиниот клиент е виновен, дека заслужва казна, а потоа понизно упатува молба да се имаат на ум „олеснитените околности“ при изречувањето на пресудата.   Сепак, има разлики меѓу „адвокатурата“ на Најческа и „адвокатурта“ на Костова во скалапувањето на „олеснителните околности“. Помалку значајната се состои во тоа што Костова својата „адвокатура“ ја образлага со уличарски речник, веројатно сметајки дека така ќе биде поразбирлива за својот клиент, г-нот „Заеб“. Втората, позначајната разлика, се состои во тоа што Костова во духот на „истражувачкото новинарство“ мака мачи да го убеди својот објект на манипулација дека садистичката закана на нејзиот клиент г-нот „Заеб“ е монтирана, небаре таа била сведок на партискиот собир на СДСМ во Валандово, или пак е експерт за монтирани видео материјали.   Скраја да е! На секој нормален на ум не му паѓа да стави знак еднакво помеѓу гласот на г-нот „Заеб“ и гласот на „гладниот народ“. Но, имајки го на ум испишаниот графит во Струмица „ЗАЕВ ПРЕМИЕР, БРАНКО ПЕНЗИОНЕР“ и не можејки да се ослободам од впечатокот на изјавите на Заев дека тој има амбиции да биде идниот Премиер на РМ, ми доаѓа (како што би рекол Зевзекот), така некако спонтано, јавно да го поставам прашањето: дали на г-нот „Заеб“ му е јасно кога го заебаваат?   Наравучение. Не ставаајте знак еднкво меѓу услугите од сексуалните работнички и услугите од „независните експерти“, сепак „интелектуалните услуги“ се општествено прифатлива појава.



Гласувай:
3



1. sande - Што е това, бе брате? ...
14.01.2011 06:15
Трилър, филм на ужасите, филм на Хичкок, Герника или месокомбинат, какви са тия касапи?
цитирай
2. liliyanaandreeva - Великолепна ГРОТЕСКА!
24.01.2011 19:01
На нашия днешен ден(живот)!
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 226328
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031