Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
24.01.2011 17:26 - Измени и дополненија на Проектот СКОПЈЕ 2014-та. План – Б.Е.2.
Автор: cande Категория: Политика   
Прочетен: 1796 Коментари: 1 Гласове:
0

Последна промяна: 24.01.2011 17:43


СПОМЕНИК НА БОРБАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ.

Споменикот на борбата за зачуваање на уставното име треба да го содржи ликот и делото на македонскиот политачар кој дал најголем придонес за меѓународната афирмација на РМ.

Гошев, иако на Милошевиќ му порача дека Македонија нема да биде ничија бановина, не даде значаен придонес во „раздружувањето“ од СФРЈ.

Глигоров после атентатот беше преобразен во „англиска кралица“.

Кљусев беше премиер без пратеници.

Андов на 8-ми септември „избега“ во Грција (да им објасни на Грците што се случувало во Скопје).

Топурковски од старт го елиминирам, додека Словенија и Хрватска се раздружуваа тој организираше некаква манифестација „Мир во земјата, мир во светот“, а згора на тоа незаборавна е и неговата „Тајванска авантура“.

Љубчо исто така не заслужува квалификација, затоа што му ја намести топката на Бранко да стане Премиер на РМ.

Борис Трајковски како награда за спроведувањето на Рамковниот со Американците договори признавање на уставното име од САД во билатераралната комуникација, но таа негова заслуга веќе е присвоена како придобивка од меѓународната активност на Бранко Европски.

Значи, врти – сучи, на крајот остануваат само ликот и делото на Бранко Европски да бидaт претставени на „Споменикот на борбата за зачуваање на уставното име“.


image

Да си припомниме за заслугите на Бранко Европски во борбата за зачувување на уставното име.

Кога падана „експертската влада на Кљусев“, Петар Гошев ја информираше јавноста дека нема да стане Премиер затоа што не можел да прифати Гигоров да му ги диктира политиките и персоналниот состав на владата.

Во тогашната „оаза на мирот“ малкумина јавно покажаа дека се вознемирени од диктаторските амбиции на Глигоров. Повеќето граѓани беа вознемирени од прашањето дали Љубчо ќе прави коалција со ПДП. Во тие времиња Љубчо можеше да стане Премиер на РМ и од таа позиција да ја поведе Македонија побрзо на патот кон самостојноста и меѓунардната афирмација, но тој во интерес на антиалбанските политики на Милошевиќ не стапи во коалција со ПДП.

Мудрецот во „оазата на мирот“ за нов премиер го назначи дотогаш анонимниот пратеник Бранко Црвенковски.

Глигоров му предвиде „40 годишна политичка кариера“, а новиот премиер беше закитен со пофалбата „ученикот на Глигоров“. Но тие зборови не кажуваа ништо за државнички способности на Бранко Црвенковски, за неговата умешност да се справи со реалностите кои ја определуваат стратегијата во закрепнувањето на македонската држава во областа на правото, економијата, сигурноста, стратегијта на меѓуетничките односи и позиционирањето на РМ во процесите кои се нарекуваат пазарно стопанство, меѓународна афирмација на РМ, глобализам и евроатлантски интеграциии. Тогаш на мода беше мудрата политика на „еквидистанца со соседите“.

Како почеток на грчко-македонскиот спор можеме да го означеме усвојувањето на Лисабонската декларација со која земјите членки на ЕУ се обврзаа на почитување на заеднички утврдените критериуми за признавање на новосоздадените држави од СФРЈ. Последиците од задоцнетото аплицирање на РМ за членство во ОН на сите ни се јасни. Ако РМ се зачленеше во ОН пред усвојувањето на Лисабонската декларациа, грчко-македонскиот спор веројатно пак ќе постоеше, но со друга содржина и други последици по РМ.

Бранко Европски како Премиер во три мандати и Претседател на РМ во еден мандат, беше еден од најодговорните за функционирањето на македонската дипломатија. Во сето тоа време ние како држава имавме дипломатија без дипломати.

На Бранко Европски во првиот мандат му беше поважно од сй кој ќе стане газда на големите стопански претпријатија во РМ. Новите капиталисти да бидат од редовите на Сојузот на Комунисти на Југославија, според сите нишани на УДБ-а, проверени и лојални кадри на официјален Белград.

Бранко Европски во првиот мандат од своите сопартијци беше закитен со епитетот „мангуп“, а во јавноста завладеа мислењето дека Кировата „оаза на мирот“ се преобразила во логистичка база на Слободан Милошевиќ. Никој не очекуваше од Бранко дека ќе се прослави како македонски Кисинџер, или Холбрук.

Ако Љубчо Георгиевски не го потпишеше Пактот за асоцијација и стабилизација со ЕУ и ако Борис Трајковски не го наметнеше како ургентно прашањето за евро-атлантските интеграции на РМ, зборововите НАТО, ЕУ, како и синтагмата „странски инвестиции“ сеуште ќе беа непознати именки за Бранко Европски.

Кога говорам за заслугите на Бранко Европски во меѓународната афирмација на РМ, не можам да не ја забележам и чудната коинциденција, додека премиерува тој, на првиот претседател да му се случи атентат, а на вториот авионска несреќа. Во првиот случај разбирливо е што вниманието на Бранко Европски за миг беше пренасочено од активностите за меѓународна афирмација кон чување на фотелјата на Глигоров (за да седне во неа Андов). Во вториот случај, на погребот на Борис Трајковски, Бранко Европски во својот прошатален говор вети дека доследно ќе ја спроведува политиката на Борис Трајковски за евро-атланските интеграции.

Падот на Милошевиќ коинцидира со трансформацијата на Бранко Европски од „мангуп“ во „миротоврец“ и „државник“. Колку повеќе паѓаше моќта на Милошевоќ, толку повеќе растеше претставата за Бранко како Европеец.

Неодамна, на tv, во пренос од заседание на Собранието го гледав Јани Макрадули како од петни жили се напрега сто пати да каже: Европски Бранко… Европски Бранко.

Веројатно по примерот на Макрадули, моите пријатеили од СДСМ својот лидер повеќе не го нарекуваат „папата“, туку сите така на галено (без иронија) си го пеат милозвучно: Европски Бранко, Европски Бранко…

– Што си е мангуп човекот, си е. Умее да си наметне и прекар по сопствен избор.




Гласувай:
0



1. анонимен - page rank service backlink building service
05.08.2011 11:44
better search engine ranking seo secrets <a href=http://xrumerservice.org>backlinks</a> high pr backlinks
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227266
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930