Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
05.03.2011 19:05 - НАРОДОТ – ОРУЖЈЕ ВО РАЦЕТЕ НА СЛЕПЦИТЕ
Автор: cande Категория: Политика   
Прочетен: 1720 Коментари: 1 Гласове:
0



СЛЕП – СЛЕПЦИ ВОДИ

Популистичките лидери во старите демократии се поскоро исклучок од правилата на политичката култура. Прво, затоа што механизмите на селекција на политичките елити и лидери, ги редуцираат до минимум таквите вонсистемски феномени. Второ, зато што мнозинството од избирачите имаат достаточно добро структурирани интереси во рамките на претставничката демократија, поради што ги претпочитаат потешките, но реални политички решенија, отколку наизглед едноставните наводни решенија кои се сомнителни во однос на реализацијата и последиците од популистичката понуда.
  Во општествата на развиена демократска традиција лидерството вообичаено се гради врз деликатна рамнотежа меѓу почитувањето на разнородната волја на граѓаните и формирањето на волјата на граѓаните. Или, кажано со други зборови, „рамнотежата на лидерството“ е балансирањето меѓу две алтернативи пред лидерите: да го прават тоа кое е популарно, или да го прават тоа кое е правилно.

Од „рамнотежата на лидерството“ до искушението на клопката на популизмот, има само еден чекор.

Демократските лидери во кризни ситуации се покажуваат на свој специфичен начин. Некои се силни во реториката, т.е. со красноречието и способноста да го убедат аудиториумот, други – со својот аналитечен ум, трети – со смелоста да го направат тоа што треба да го направат за да се излезе од кризата, без разлика последиците по сопствениот рејтинг.
  Лидерите се лидери затоа што решаваат проблеми, а не затоа што создаваат проблеми.

  Лидерството ја губи смислата, престанува да биде такво, ако ја нема способноста да ги согледува и формулира проблемите такви какви што се и на таа основа да ја мобилизира адекватната активност за нивното решавање.

  Кога еден државник ќе се судри со конкретни предизвици за кои нема одговор, драматизмот на ситуацијата често доведува до криза. Во такви кризни ситуации се раѓа синдромот „слеп слепци води“.
    image Насловната страница од третат книга на Маргарет Тачер „Државник“.

Во популистичките говори нема задоволни и незадоволни граѓани, со поимот „народот“ се означуваат само граѓаните кои се подржувачи на популистичкиот лидер. Таков е односот на популизмот кон разните социјални, професионални и др. групи. На пр. „тутунарите“ се тутунари само ако го подржуваат популистичкиот лидер, во спротивно ќе бидат етикетирани како инструмент на противникот. Исто е и со „професорите“, со „стечајците“ и т.н.

Популистичкиот лидер секогаш говори „во името на народот“. „Народот секогаш е во право“ е омилената девиза на популизмот. Популистичкиот лидер и неговите следбеници секогаш се „со народот и меѓу народот“ – особено кога се во опозиција. Тогаш во популистичкиот поход „општетвото е против власта“, т.е. „нацијата (народот) е против властта“.
Како инструментариум, популизмот обично предлага некаква изопачена верзија на директната демократија, желба на лидерите да се свртат кон „народот“, притоа оспорувајки ја легитимноста на избраните од истиот тој народ претставници во демократски институции.
Популизмот најпрво се познава според изјавите на популистите во кои кажуваат дека се свртени кон „народот“, какви се нивните намери со „народот“, предлагаат изопачена верзија на директна улична демократија, ја оспоруваат легитимноста на демократски избраната власт (Собранието и Владата), се обидуваат да манипулираат со жестоки тврдења и сл.
СДСМ веќе е со народот и меѓу народотврескајки со крената тупаница ги охрабри своите следбеници Бранко Европски на последниот негов демагошки марш.“ – се пофали Бранко Европски пред неколку месеци.
Народот бара избори“ – ни пренесе Бранко Европски од последниот марш на СДСМ.
Грујо, народот го бара Бранко“ – порачаа на последниот марш на СДСМ (несомнено, сите чеда на мајка Македонија плачат за Бранко Европски).
Кој ќе нѐ спречи ако сакаме да влеземе во Собранието?“ –
Овие и подолу цитираните изјави од елитата на СДСМ, како и нивното оспоруваање на легитимитетот на Собранието и Владата на РМ, јасно докажуваат дека сегашното поведение на Бранко Европски и неговите следбеници е школки пример на популизам.
 
Народот е најмоќното оружје на СДСМ.“ – се пофали Јани Макрадули на пленарна седница на Собранието на РМ.
Ние во раката имаме еден адут, народот.“ – на истата „седница за тутунарите“ се пофали и Томе Чинговски, истотака пратеник од СДСМ.
Фалбите на Макрадули и Чинговски заслужуваат „почесно место“ во антологијата на полулизмот, затоа што најискрено кажуваат какви се намерите на популистите кон граѓаните што успеале да ги заведат.
  Популистичкиот лидер и неговите следбеници на нивните идни жртви им упатуваат само еден повик кој се однесува на нивниот „правилен избор“ – „дајте ми ја довербата, да ја завршам работата за вас.“
 
Според популизмот проблемот на индивидуите (личностите) не е во тоа што не си ја зеле судбината во свои раце, туку поради тоа што имаат „ненародна власт“. Или, кажано со други думи, граѓаните ќе живеат во благосостојба, ако својот глас го дадат на „вистинските луѓе“, т.е. ако „народот“ се преобрази во „најмоќното оружје“ на популистите.
  Следствено на погоре наведеното, можеме да заклучиме дека Бранко Европски решил да ги распушти Собраниието и Владата со цел да создаде впечаток дека тој е најпаметниот, дека сите мораат да го послушат него, дека СДСМ е посилен отколку што е. Кутриот Бранко Европски сеуште смета дека со неговите мангупски манири може да го заведе „народот“.

Очекувано, 86-те пратеника (од вкупно 120) кои не го оправдуваат бојкотот на Собранието не се согласија да бидат искористени како оружје во психолошката војна на СДСМ во која има за цел да ги убеди своите идни жртви дека навистина „народот го бара Бранко“. Ако 86-те пратеника го дозволеа тоа, тогаш самите ќе се откажеа од сопствениот народ, а во категоријата не-„народ“, исто како Бранко Европски, ќе го сместеа огромното мнозинство од македонските граѓани кои не го подржуваат Бранко Европски.
    image   Под насловот: „САМО ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ МОЖЕ ДА ГО СПАСАТ ГРУЕВСКИ ОД НАСИЛНО ПАЃАЊЕВладо Бучковски во интервјуто за в-кот „Фокус“ (04.02.2011.), во својство на гол популист, со сиот ум го диктира составот на Владата:
„Се плашам дека во вакви околности ќе биде неопходно изборите кои се неминовни, да бидат организирани на начин каде ќе има гаранција дека нема да бидат злоупотребени од оние кои се најголем проблем за демократијата во РМ, а тоа се Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда. …ако оваа зовриена атмосфера ја разрешаваме со избори, како што е логично, тогаш би било логично, да има подготвеност од страната на Груевски да направи отстапки и на чело на овие министерства да дојдат личности кои ќе можат да гарантираат дека Македонија нема дополнително да се дестабилизира.“
Несомнено, Бучковски навистина е исплашен. Ама не од евентуалната дополнителна дестабилизација на Македонија, затоа што СДСМ ја креира таа дестабилизација, туку од судењето за аферата со резервните тенковски делови.

Овие закани, сега за сега, кажуваат дека целата елита на СДСМ, со сѐ Бранко Европски, се исплашени за сопствената политичка судбина и судбината на Велија Рамковски, а тој страв го маскираат и се обидуваат да го пренесат на граѓаните, со тврдењата дека во РМ е загрозена слободата на говорот и слободата на медиумите, кое нешто можеби ќе го искористат како лажна причина и лажно оправдување, ако навистина тргнат насилно да ги распуштат Собранието и Владата на РМ.
Во истото интервју „луд Бучко“ обидувајки се да ги нас’ска следбениците, кажува: „Црвенковски сега беше доведен до позиција да повлече два можни потези. Или да повика на нов протест, кој сигурно ќе биде поголем од последниот протестен марш. Да потсетам дека нашите членови и симпатизери тогаш порачаа: Следниот пат кога ќе не викнете на протести, не си одиме. Значи, требаше да ги пресмета евентуалните ризици од таков протест, кој на крајот би морал да заврши со насилно рушење на власта, или со серија на судири кои ќе доведат до крвопролевања, што не е метод на СДСМ. Затоа се донесе оваа одлука за бојкот како последно предупредување.“   image Деновиве, американскиот амбасадор Филип Рикер им посака „Добредојдовте во реалниот свет“ на популистите кои ја лиферуваа дезинформацијата дека Груевски ќе одел на пеење во САД за случајот „Перо Наков“ бб.

Односот на популистичкиот лидер кон реалноста зависи од одговорот на дилемата меѓу полезното и вистината. Објективните факти се разгледуваат инструментално, нивната валидност се признава само ако носат полза, додека изгледат ефективни. За популистичката кауза позначајно од зборувањето на вистината е во политичкиот и интелектуалниот живот да владеат лицемерието, цинизмот, нетолерантноста и омразата кон другомисловните. Двојните стандарди, расцепот меѓу зборови и дела се составка на популистичкото поведение. Затоа популизмот во својот демагошки поход кон себе ги повикува родните, пријателите, колегите, нудејки им ја можноста да станат соучесници во преобразувањето на „народот“ во „најмоќното оружје“ на популистичкиот лидер.
Столбови на популизмот
:
- „народен водач“ и неговите следбеници
- социјално неодговорно поведение
- лекоумие
- сеирџијство
- неинформираност
- необразованост
- привлекување на подржувачи по пријателска, колегијална и роднинска линија (врбување по принципот „памети, па врати“ – изјавата на Заев дека ќе вработувале братувчеди на членови на СДСМ)
- уцена, во кои спаѓа и злоупотребата на позицијата работодавач во однос на вработен (изјавата на Заев дека ќе вработувале братувчеди на членови на СДСМ)
- купување на гласови
- идеализирањето на „Западот“ (оваа појава беше својствена за популизмот во некои од новите демократии на поранешните комунистички држави).
Во некои од новите демократии воспоставени во поскомунистички држави популизмот во своите посланија манипулираше со безкритичкото идеализирање на „Западот“ – како начин на живот, економска и политичка структура, како модел на постигнуваање во културата, спортот, животниот стандард и др. „Западните“ политички лидери се прифаќаа од популистите во посткомунистичките држави со таков восхит којшто не го доживеале во сопствените држави, при што и третокласни стоки (во најусловна смисла на зборот) беа претпочитани пред домашното производство. Секоја критика, дури и таква која доаѓаше од „западни“ извори, се примаше како звук, или доказ, дека оние кои критикуваат не му сакаат доброто на „народот“. Едно време носителот на овој популистички феномен во РМ беше Борис Трајковски кој „меѓународната заедница“ ја претставуваше како добронамерен врховен цензор за нашето поведение. Потоа, носителот на популизмот со идеализирањето на „Западот“ стана Бранко Европски, при што најмногу се истакнува Радмила Шекеринска.
Груевски нѐ скарал со пријателите на РМ, т.е. со НАТО и ЕУ, – тврдеше Бранко Европски по повод признавањето на РМ под „уставното име“ од Зимбабве. Несонованите кфалификации на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како евроскептици, антинатовци и антиевропејци, на сите ни се познати.
Популизмот од лидерот на партијата може да биде ползуван и како личен заштитен механизам во обезбедувањето на стабилноста на лидерска позиција на „незаменливиот лидер“.

Откако Бранко Европски е повторно на чело на СДСМ редица анкети кажуваат две работи. Прво дека рејтингот на партијата СДСМ расте побрзо отколку на нејзиниот лидер. Второ дека СДСМ како партија има постојано значително повисок рејтинг отколку Бранко Црвенковски. Помалиот рејтинг на Бранко Европски во однос на рејтингот на СДСМ укажува на тоа дека врз порастот на неговиот рејтинг има влијание активноста на пратениците на СДСМ во Собранието, особено на Весна Бендевска, Цветанка Иванова, Јани Макрадули, Марјанчо Николовски, Славица Грковска, Радмила Шекеринска и др.
Сегашниот популистички поход на Бранко Европски секако е мотивиран и од неговата желба како партиски лидер да има повисок рејтинг од партијата која ја води, затоа што лидерот го личи како лидер ако тој со своето лидерство го зголемува рејтингот на оние кои ги води. Но, Бранко Европски наместо да извлече поука од активностите на спомеантите пратеници, дека со неекстремно нарушената рамнотежа меѓу реланата политика и популизмот се постигнува подобри резултати во заведувањето на граѓаните отколку целосен популизам, се определи за безрезервно приклонување кон популизмот, т.е. напуштањето на Собранието на РМ – местото каде што растеше само рејтингот на СДСМ, но не и на Бранко Европски.
Колкава ќе биде „дивидендата“ на Бранко Европски од бојкотот на Собранието, допрва ќе видеме. Според анкетите, Мендух Тачи и ДПА не „профитираа“ од тоа што се подолго време надвор од Собранието. Но, тој факт не може да послужи како „графче“ на кое ќе гатаме, бидејќи Бранко Европски, прво, има поголем пропаганден потенцијал во споредба со Тачи; второ, за разлика од нервозниот и мирољубивиот Мендух Тачи, Бранко Европки и „луд Бучко“ се закануваат („предупредуваат“) дека Груевски ќе биде виновен за „крвопрелевањата“ што ќе го сториле нестрпливите и нервозни членови на СДСМ.
Враќањето на пратеничката група во Собранието ќе биде уште едно јавно признание за уште една голема грешка на Бранко Европски како партиски лидер и како поранешен државник. Од тој аспект гледано, не треба да се очекува дека пратениците на СДСМ во Собранието „ќе се вратат како попчиња“. Исто така, не треба да се очекува дека под влијание на „западот“ пратениците од СДСМ (како и оние на НСДП, НД и ДПА) во Собранието „ќе се вратат како попчиња“, затоа што во една суверена држава „западот“ може само да апелира, да убедува, но не и да налага поведение на политичките чинители. Да си припомнеме, амбасадорите на САД, Германија, Италија, Холандија и евроамбасадарот Ерван Фуере го повикаа СДСМ да дејствува институционално, со што упатија порака и до граѓаните, да не го подржуваат последниот популистички поход на Бранко Европски.   image
Како суштина на политичките посланија популизмот содржи ветувања за прости и лесни остварливи решенија на сложени проблеми коишто луѓето очекуваат да ги слушнат. 1990 г. – На Македонија и треба мудрец – Киро Глогоров.
2002 г. – По еден вработен од секое смејство – Бранко Европски.
2008 г. – За шест месеца во ЕУ и НАТО – Радмила Шекеринска.

Понекогаш фантазијата има поголема моќ на влијание отколку информацијата. Популистичките посланија дејствуваат според силата на асоцијациите што ги генерираат. Важно е дел од идејата во популистичкото послание да е недоизречено, да не е објаснето како ќе се реализира таа идеја, за да можат жртвите на популизмот сами да си ја дополнат сликата.
Големите лидери на 20-ти век и лидерите на популизмот ја користеле оваа „алатка“ која ги задвижува механизмите на фантазијата, но со една огромна разлика која произлегува од етичките и моралните вредности содржани во целата што скале да ја постигнат. Најпознатите од тие потикнувања на фантазијата во привлекувањето и мотивирањето на следбеници, се следните:
- сублимираната порака на Винстон Черчил: „крв, солзи и пот“;
- Мартин Лутер: „J have a dream!” (се преведува: „Јас имам визија“, „Јас имам една мечта(сон)“, „Јас имам видение“ – како Баба Ванѓа);
- Ронлад Реган: „слободен пазар, слободен свет“; и
- Михал Горбачов „гласност и перестројка“.
Победничка Македонија“ – мотото на Бранко Европски, кажаву само едно, ако тој по 4-ти пат стане Премиер, Македонија е победник.
Распалувањето на фантазијата кај објектот на манипулација на популистите е значаен момент и во популистичкото оцрнувањете на противникот. Популистите својата игра со емоцииите на своите жртви ја играат со: тенденциозен избор на фактите, нарушување на логичните и временските врски меѓу настаните, прикажување на вистината во друг контекст, мешање на разнорадни мненија и факти, прераскажување на чуеното си сопствини зборови…
  image Според „толкувањата“ на СДСМ на пресовите од посетата на Груевски во САД, Американците не се загрижени од популистичкото поведение на Бранко Европски, туку за „диктатурата на Груевски“ (односно, на Груевски во САД му ги истегнале ушите затоа што е виновен за сето тоа што лично ги засега притвореникот Велија Рамковски, обвинетиот Владо Бучковски и лидерот Бранко Европски кој стрепи дека без медиумската подршка од Рамковски нема да успее на следните избори). Пусти Американци, сон не ги фаќа од љубов за Бранко Европски, Владо Бучковски и Велија Рамковски! Американците секако биле трогнати од вистинската А1 сторија: Со години наназад не плаќал данок, а секојденевно ја критикувал Владата за недамаќинско трошење на Буџетот!
Популистичката култура се конструира меѓу митологијата и реалното, при што идеализирањето владее над реализмот и рационалните аргументи. Клучниот психолошки механизам којшто го користат популистичките лидери е ниваната убеденост (вистинака или одглумена) дека навистина предлагаат магична формула за просперитет, со која ќе ги задоволуват очекувањата на граѓаните кои веруваат во чуда.
Популизмот своите жртви најчесто ги заведува меѓу граѓаните кои освен за својата професија немаат јасно промозгани идеи за било што. Тие се неспособни сами да се водат. Популистичкиот водачот е нивниот патоказ, тој им дава готови фрази кои ги лишуваат од потребата за размислување и ги насочуваат кон крајни чувства. Најпознатиот начин на кој говори говорникот на популизмот можеме да го препознаеме по тоа што популистот својот противник го третираат како отуѓен од „народот“, како циничен, дволичен, или во најмала мера како неинтелегенен. Говорникот кој сака да ги заведе граѓаните злоупотребува жестоки тврдења, претерува, тврди, повторува и никогаш да не прави предлог било што од сето тоа да се стави на умно образлагање.
  Популизмот наместо изборна програма заснована на реални политики, нуди реална омраза врз нереална основа.

Густав Ле Бон под заглавјето „Изборни толпи“ во врска со настапот, т.е. „понудата“ на водачот на изборната толпа пишува: „Што се однесува до противкандидатот, треба да се задуши со тврдења, потврдувања и заразноста дека тој е последниот никаквец и дека на секој му е познато дека сторил повеќе зла.“
- „Диктатурата на Груевски!“ – со лисици на рацете врескаше Велија Рамковски.
- „Политичката криза може да добие разрешница преку предвремени избори, освен ако Груевски не стимулира ескалација на кризата, до големи немири и крвпролевања.“ – Изјави „луд Бучко“ во интервјуто за „Фокус“.
- Последното, обвинението дека ВМРО-ДПМНЕ е инспиратор на судирите на „Калето“ е поднесено со цел да се оцрнат Груевски и Ахмети како глупаци, да се нарушат коалиционите односи ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Европски да се промновира како миротворец. (Во одредена неразјаснета ситуација да се согледа кој има најголема полза од таков калабалак, понекогаш значи да се разоткрие и креаторот на таа ситуција.)
    image
Говорникот на популизмот во интимна комуникација со своите жртви умее да предизвика слики (формално логични претстави) со кои ги заведува. Ако успее, книги со образлагање не вредат колку оние неколку фрази кои продреле во мозоците на оние кои требало да се уверат. Оние кои станале популистичка толпа сфаќаат само груба асоцијација на идеи и се недостапни за критичко рамислување. Законите на логиката не делуваат на популистичките толпи. Затоа популистичките говорници кои умееат да ги импресионираат своите жртви, се повикуваат на нивните чувства, а никогаш на нивниот разум. (Урлањето на Бранко Европски пред толпата од неговите сопартијаци: „Кој ќе нѐ спречи ако сакаме да влеземе во Собранието?“ – „Живи луѓе ќе јадеме, први братувчеди на членови на СДСМ ќе вработуваме” – изјавата на апсениот и амнестираниот Зоран Заев, како и „страхувањата“ на „луд Бучко“ дека ќе има „крвопролевања“ ако Груевски не постави министри за правда и внатрешни работи според вкусот на главнообвинетиот за аферата „резервни тенковски делови“).
Според Густав ле Бон: „Водачите на толпите често не се луѓе од размисли, туку луѓе од дела. Тие произлегуваат од редовите на нервозните, раздразливите, полуизбезумените кои талкаат на работ на лудоста. Колку и да е апсурдна идејата која ја бранат, или целта што ја следат, нивното верување се испрчува на секоја мудрост. За толпите треба да бидеш или бог, или ништо!“ Според популистичката етика (вулгарното толкување на макијавелизмот), ако „целта ги оправдува средствата“ популизмот како средство само по себе не треба да означува нешто негативно.

Но, според Џ. Макгрегор Барнс (добитник на престижната награда „Пулицер“), лидерството од голем маштаб секогаш е морално лидерство, процес во кој „взаемното дејтво меѓу лидерот и следбениците води до взаемно издигање на повисоки нивоа на нивната мотивација и на нивниот морал“.
Ако целта е постигнување на универзални вредности, големи промени кои со себе носат и големи морални постигнувања, тогаш на елитите и лидерите што го постигнале тоа веројатно никој нема да им се лути за тоа што го употребиле популизмот. Затоа Бранко Европски последниот свој популистички поход го води во името на независното судство, слободното новинарство, т.е. во името на Човековите парава и слободи.
Минатиот труд на Бранко Европски не влева доверба дека почитувањето на етичките и моралните норми е карактеритика што го краси. Некој ќе рече: и Марија Магдалена била курва, но потоа станала христијанка. Да, се согласувам, многу курви станале добри домакинки, добри калуѓерки, но не сите. Има и една друга мудрост „волкот го менува влакното, но не и ќутта“ (карактерот).
Во РМ, освен Бранко Европски има и други лидери на политички партии кои во различен степен се држат цврсто во прегратката на популизмот и не сакаат да преминат во „царството“ на чесната, реалистичка и прагматична политика. Најзабавниот од нив е братот Љубе кој со својот гол популизам наликува на панаѓурски оратор, заљубен во својата замислена величина, не сфаќајки дека самиот од себе прави карикатура на лидер. На следните парламентарни избори Бранко Евроспки ќе даде се од себе Братот стане пратеник.
Одговорни за илезот од лавиринтот на популизмот пред сѐ се лидерите, и тоа лидерите верни на автентичните демократски вредности. Ако лидерот не успее да воспостави и одржува „ лидерска рамонтежа“ меѓу вистинското лидерство и прагмата на популизмот, тогаш треба да си го добие заслуженото од граѓаните кои не сакаат да бидат „орујже“ или фурнаџиска лопата во било чии раце.
image                     Според едно идеализирано гледиште, во САД мора да направите две работи: да умрете и да платете данок. Борбата против даночната евазија и перењето пари е врвен приоритет на политичарите во државите членки на НАТО и ЕУ, но не и за нашиот Бранко Европски, кој својот марш го најави како барање за амнестија на Велија Рамковски, кој е главнообвинетиот за прикривање данок и перење пари во криминалната мрежа „Пајажина“.
 
 



Гласувай:
0



Следващ постинг
Предишен постинг

1. cande - Постизборна констатација.
27.06.2011 16:50
На следниот линк има текст кој е во контекст со текстот од овој блог пост.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DDDBAFEE23BFF24385D5014277C29AB6
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227169
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930