Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
05.03.2011 03:26 - Се кајам, се кајам, 100 пати се покајав.
Автор: cande Категория: Политика   
Прочетен: 1772 Коментари: 2 Гласове:
2

Последна промяна: 05.03.2011 10:33


БРАНКО ЕВРОПСКИ НИ ПОРАЧУВА – ВО ПОКАЕНИЕТО Е СПАСОТ

image

Се кајам, се кајам… 100 пати се покајав што не го прифатив предлогот за 6 меца во НАТО и ЕУ.

Еј, веќе двеипол години ќе бевме во НАТО и ЕУ. Со исправенена, или со свиткана кичма како што викаше Заев, не е битно. Најважно од сѐ е што ќе бевме Евопејци. Србите, Босанците, Црногорците за нас сега ќе беа Балканци.

Грците ќе пукнеа од мака. Како што јас сега се распукнувам што во 2008 год. не ја избравме Рада за Премиер(ка) и следната година Фрчко за Претседател. Бранко Европски сега ќе си беше како „другарот“ Сталин, без државна функција, ама како партиски вожд будно ќе следеше дали Свети СДСМ оди по вистинскиот пат.

Сите ќе бевме среќни. Невработените и вработените, богатите и сиромашните, газдите и стечајците, студентите и професорите, тутунарите и рударите. Абе, сите! Сите до еден. И судиите и адвокатите, тужиелите и тужените, новинарите и уредниците заедно со читателите, болните и здравите, полицајците и криминалците, земјоделците и откупувачите. Сите до еден, без разлика на пол, нација и сексуална ориентација, сите ќе си бевме среќни. Немаше да имаме власт која го дели и раскарува народот. Сите ќе си бевме сложни како во времето кога сите си бевме „работничка класа“, затоа што за нас сега ќе се грижеше Бранко Европски.

Поранешниот министер за здравство Владо Димовски, обвинет за крминал, немаше да избега во Бугарија. Поранешниот премиер Владо Бучковски никој немаше да го малтретира по судовите. Велија Рамковски немаше да биде во притвор. Немаше да згаснат неговите весници. Син му немаше да се крие од власта. Зет му на раат ќе си го возеше своето „бентли“, а не изѕверен од полицијата да бега со такси. Сопругата на Велија секоја вечер на А1 спокојно ќе се информираше за напредокот во земјоделието.

Тутунарите ќе имаа по две евра премија за произведен килограм тутун, а откупувачите ќе ги молеа да го откупат тутунот по повисока цена. Млекарите ќе се натпреваруваа кој повеќе млеко да произведе, а чесните трговци од „Перо Наков“ бб, не само што ќе си го плаќаа данокот, туки и парите од продаденото млеко ќе им ги исплаќаа на млекопреработувачите.

Ех, ех, туф, туф. Како не го прифативме предлогот на Рада, за шест месеца во ЕУ.

Вечерва на А1 ќе гледавме како Борјан Јовановски од Брисел известува за тоа што рекол еврокомесарот за проширување Макрдули за претпристапните преговори на Хрватска. Чадиковски од Босна и Херцеговина, специјално за А1 вестите, ќе известуваше за активностите на евроамбасадорот Игор Ивановски Шема во врска со одбивањето на Босанците да ги озаконат хомосексуалните бракови.

Чомовски, Геровски, Тричковски, Билјана Секуловска, како и Катерина Цаневска Арсовска секоја вечер на А1 вестите ќе ги фалеа државничките способности на својот државник, а и на неговиот помлад ученик, г-нот Заеб, кој државната администрација ќе ни ја средеше по есдесовски, како во Струмица и Охрид.

Јанко пак ќе си јадеше бурек. Мирка, Латас и Миленко избезумено ќе врескаа: нема демократија. А, потенцијалните странски инвеститори не ќе им веруваа, затоа што знаат дека Бранко Европски не поставува будали во судството.

Наместо Бранко Европски, Груевски ќе изиграваше Џингис Кан, де митинг на плоштат, де марш по улиците, надевајќи дека така ќе го исплаши противникот и ќе ги придобие неопредлениете.

И брат Љубе ќе беше среќен, затоа што режимот ќе беше народен. Љубчо пак ќе си беше тажен што е отфрлен од партијата што ја создал, ама и тој пак ќе беше среќен оти нели си ги претворил парите во злато.

Имер Селмани немаше да го бојкотира пописот. Мендух Тачи ќе беше задовелен од правата што ги уживаат Албанците во Бранкова Македонија. Али Ахмети ќе беше среќен што како педофил не е испратен во лудницата во Бардовци, туку што, како српски шпион е протеран во Албанија, а ДУИ пак ќе си беше во колација со Бранко Европски.

Храбриот првоборецот за демократија Ѓорѓе Марјановиќ ќе си ги живееше спокојно своите пензионерски денови, не ќе требаше од нафталин да го вадат за да ни објаснува колку ни била загрозена демократијата кога Сети СДСМ не е на власт.

Во РМ демократија ќе имаше на секаде, таму кај што треба и таму кај што не треба, зато што демократијата кај нас вирее само кога Бранко Европски ја има власта во свои раце.

Ту, ту, што испуштивме.

Секако, на плоштадот „Македонија“ ќе си имавме и споменик на Европа.

image
 




Гласувай:
2



Следващ постинг
Предишен постинг

1. sande - Браво,адаш! С всеки изминал ден ставаш все по-добър анализатор на состойбите в Родината...
05.03.2011 05:10
Написал си една прекрасна пилитическа сатира, един сатиричен политически трактат по актуланите събития в Македония, но видяни от страни. От една независима и обективна позиция.
В България политическата сатира има традиции още от Възраждането /Преродбата/, от гениалния поет и публицист Христо Ботев.

Поздрави!
цитирай
2. cande - sande, мерси.
05.03.2011 10:42
Комунистите викаа: „Секој ден, во секој поглед, се повеќе и повеќе напедувам.“
Благодарам за убавите думи.
Поздрав.
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227244
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930