Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
12.09.2011 19:11 - НАДЕЖ
Автор: cande Категория: Политика   
Прочетен: 1871 Коментари: 3 Гласове:
1

Последна промяна: 13.09.2011 12:25


Надеж

image Предизборната амбиција на Бранко Црвенковски.
  Не е думата само за надежта која последна умира. Тука станува дума и за аферата „Надеж“ инспирирана и креирана од Бранко Црвенковски. Кога се обелодени аферата „Надеж“, поранешниот државник Бранко Црвенковски изјави дека ангажирањето на странска PR-агенција, го направил транспарентно, т.е. со распишан тендер, иако можел тоа да го направи и тајно, т.е. без да остави доказ дека трошел народни пари за ангажирање на странска PR-агенција која ќе му ја осмили пропагандата за изборен пораз на коалицијата предводена од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
  Претходниот претседател на Република Македонија (како било кој претседател на било која држава), имаше право и обврска нетранспаретно да троши народни пари само во случаи кога ги брани граѓаните од опасности кои го загрозуваат териоријалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Веројатно охрабрен од PR-агенција која му го смислила планот за изборна победа на СДСМ, Бранко Европски со споменатата изјава сакаше да го етикетира Премиерот Никола Груевски како државен и народен непријател.
  Во аферата „Надеж“ незнам каква политичко-пропагандна тактика и стратегија му била пикната во главата на Бранко, но знам дека по притварањето на првообвинетиот во криминалната „Пајажина“, од јануарскиот демагошки марш на СДСМ, тој истиот Бранко налудничаво (како Хителер и Мусолини) врескаше: „Народот бара избори“.
  – „Грујо, народот го бара Бранко“ – бранковци во името на народот се фалеа на јануарскиот марш на СДСМ.
 
image
За жал на Бранко и бранковци, а за радост на мнозинството македонски граѓани, на изборите се потврди дека народот не го бара Бранко, дека народот го сака Груевски.   image
Бранко и бранковци во филмот „Бранко го буди Груевски“.

Народот и кога греши е во право“ – се правдаше за поразот поразениот Бранко.

Така е. Народот греши. Народот е грешен. Но, не и Бранко.

Св.СДСМ е безгрешен.

image   Два месеца после изборите, љубителот на старо виски, евоцира спомени за тоа кој побарал предверемени избори.

Бранко не ќе е Бранко (Преваранко), ако пред „мерачите на аплаузи“ и другите бранковци веднаш не си најдеше оправдување за празните ветувања и ширењето на лажната надеж. Демек: „Во голема заблуда се сите оние што мислат дека предвремените парламентарни избори се случија затоа што опозицијата ги бараше“ (интервју на Б.Црвенковски „Утрински Весник“ 06.08.2011). Ако изборите се случија по барање на Бранко Преваранко секако тој ќе беше победникот, но што да се прави кога власта бараше предвремени избори?!

  image
ИЗБОРОТ Е ЕДЕН!

image
   Резулатати на парламентарните избори во 2006-та, 2008-ма, 2011-та година и прогноза за резултатите на следните парламентарни избори.

Основаноста на оваа прогноза не е само во приватните констатации на „луд“ Бучко дека мнозинството на граѓаните сфатиле колку е неоснована сдсмовската критика на проектот „Скопје2014“, дека телевизијата А1 на Бранко и бранковци им донеле повеќе гласови отколку целокупниот човечки и материјален потенцијал на СДСМ. Според овие приватни констатции на „луд“ Бучко, пратениците на Бранко Преваранко во новиот состав на Собранието влегоа како стариот волк во трлото (стариот влегол неможејки да лови, здогледал млад голем овен и кришум тргнал по него, гледајки како му се мавтат ташаците на овенот ту на лево, ту на десно, стариот волк си помислил дека секој миг може да му паднат ташаците на овенот, та така занесен во неоснованата надеж дека ќе нахрани влегол во трлото каде го утепале).
  Основаноста на оваа прогноза произлегува од „емисијата“ на емоции кои зрачат од сдсмовските пратеници. – Не треба повеќе од пола саат да ги гледате во Собранието на Република Македонја, за да заклучите дека главите им вријат од емитување на негативна енергија која носи злоба и омраза кон секој кој не е со нивниот Бранко Преваранко.
  Додека вмровци заедно со граѓаните се радуваа што Груевски пушта во употреба нови автобуси, нов аеродром, нова болничка опрема, сече ленти во „Бунарџик“, додека Македонија се радуваше на прекрасната прослава на 20-годишнината од независноста на Република Македонија, бранковци и Бранко Преваранко се сокрија во глувчешка дупка, оти си мислеа дека, ако се радуваат заедно со народот ќе му растел рејтингот на Груевски. Додека вмровци се радуваат што ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски направија за прв пат Македонците да се гордеат што се Македонци, единствената надеж на бранковци е тоа што Бранко Преваранко е на чело на Св.СДСМ.

  image

image

image

image
Така ќе биде и на следните избори. Љубителот на старо виски и мајсторот за интриги сеуште ќе се сонува како го буди Груевски.



Гласувай:
1



1. анонимен - Интересный форум для женщин
24.10.2012 12:39
Пользователи форума <a href="http://forum.justlady.ru/index.php?showtopic=5250">тут</a> расскажут о лучших новинках и трендах из мира красоты и моды, помогут выбрать собственный индивидуальный стиль, поделятся секретами молодости и здоровья. justlady.ru – это крупнейший в Рунете женский форум, где ежедневно обсуждаются более 100 000 тем. Наш форум дарит уникальную возможность поделиться своими проблемами и радостями, откровенно поговорить о сокровенном, спросить совета и рассказать о своем опыте, пообщаться со старыми друзьями и приобрести новых.
цитирай
2. анонимен - умные статьи на тему красоты
01.11.2012 09:30
на официальном веб-сайте <a href="http://www.justlady.ru/articles-159428-zhilishchnaya-problema-kak-prichina-semeynogo-krizisa">justlady.ru</a> собран громадный ассортимент интересных статей на тему диет. тут на данном интернет-блоге все статьи предоставлены бесплатно.
цитирай
3. cande - Резултатите од локаните избори во ...
29.03.2013 20:22
Резултатите од локаните избори во 2013 г. говорат дека прогнозата за 2015 г. е точна.

http://press24.mk/story/makedonija/grafikon-najtezhok-poraz-na-sdsm-na-lokalnite-izbori-vo-istorijata-na-nezavisna-mak
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227247
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Април, 2024  
ПВСЧПСН
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930