Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.03.2012 21:03 - Top Secret – Българите нападат!
Автор: cande Категория: Политика   
Прочетен: 2058 Коментари: 1 Гласове:
1

Последна промяна: 19.03.2012 16:52

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg

Top Secret – Бугарите напаѓаат!

Тито умирал во страв од советско-бугарска одмазда.
image
Неспорно е: откако лекарите му ја ампутирале ногата, Тито умирал во страв од советско-бугарска одмазда. Спорно е дали херој Тито го чувствувал тој страв поради тоа што бил: „југословенски национал-социјалист, предавник“, или „тројански коњ во меѓународното работничко (комунистичко) движење“.

Авторот на книгата „Тито и другарите“, академик Јоже Пирјевац тврди дека Тито до неговата смрт се плашел од Русите, иако во предсмртната агонија на Тито, СССР немал таков интерес за Тито каков што имал Сталин во 1947-1948 г.

Откако лекарите му ја ампутирале ногата, во предсмртниот час Тито барал да го одржуваат што повеќе во живот, затоа што верувал дека на југословенско-бугарската границите советите и Бугарите манаеврирале со тенкови. Тито, којшто себе си се сметал за единствен компатентен да решава во името на Југославија, барал (читај: наредил) да се превземат сите неопходни мерки за да се спречи советско-бугарската закана (т.е. инвазија) на Титовата „независна Југославија“.

Според академик Пирјевац, Југосалвија во времето на Титовата предсмртна агонија се спасила од советската закана поради интервенцијата на СССР во Авганистан. Демек, советите не сакале да војуваат на два фронта. Но, дали навистина тогаш СФРЈ се спасила од реална советско-бугарската агресија, или сето тоа било само пропагандна војна со која советите и Бугарите го плашеле Тито, сеуште е рано да се каже со сигурност. Додека не се отворат советските и бугарските  архиви „по този в’прос“, секако ќе нема неспорен одговор на прашањето.

На мене поверојатно ми изгледа мислењето оти тогашните разузнавачки и контраразузнавачки тврдења дека СССР воено ќе интервенира во Југославија се резултат на советското сознание за Титовиот страв од советска одмазда и желабата на советите да му ги загорчат последните денови на „сенилниот Тито“. Стравот на Тито од советска одмазда не е без разумна причина. СССР вложил многу во воспоставувањето на Титовата диктаторска власт, а Тито во името на „независноста на Југославија“ на СССР му возврати со антисоветска, пробританска и проамериканска политика, поради што Тито од Сталин беше прогласен за „подол американски агент“.

Откога дознав нешто повеќе за конфликтот Тито-Сталин, мене ме заболе за Титовата „независна Југославија“. Гледано од аголот на македонизмот, за Македонците ќе било подобро да била создадена Јужнословенска или Балканска федерација. Ако го исклучиме фактот што за време на животот на Тито многумина Македонци се чувствуваа како Американци додека летуваа на „Черното Море“, или си ги лечеа простачките комплекси „в’в мајка Б’лгарија“ , не гледам друга „значајна“ загуба за Македонците, доколку нѐ газела советска, наместо југо-комунистичка чизма. Денес македонскиот литературен и говорен јазик, наместо србизиран ќе беше русизиран, ама државните граници на Република Македонија ќе ѝ беа значително поголеми; процентуалната застапеност на македонската етничка заедница во РМ  ќе беше поголема во однос на малцинските етнички заедници… Но, во историјата нема „ако“, односно во историјата како наука нема „што би било, кога би било“. Историографијата се занимава со минатото такво какво што е, независно дали некому му се допаѓа или не.

image

Карикатурата е објавена 1949 г. во советскиот в-к за хумор „Крокодил“. Се имева „Титовиот специфичен пат во социјализмот“. Тито подмишка ја носи Хитлеровата книга „Мојата борба“, џебот му е преполн со долари и оди во дрштво со шпанскиот генерал Франко и грчкиот „монархофашист“. На карикатурата „Ете го патот“ во горниот агол пишува: „Во еден од своите настапи Тито изјавил дека оди по сопствен пат во социјализмот.“

image

Политичката карикатура „Тревога”, публикувана во бугарскиот весник за хумор „Стършел“ од 27.11.1947. На карикатурата се исмева „Западот“ на кој не му се допаѓа зближувањето меѓу Бугарија и Југославија. Српскиот селанац со комунистичка петокрака на титовката (нема капа шајкача) и бугарскиоит селанец си подаваат рака за „вечно дружење“, а „Западот“ заклучува: „О! Ужас! Избувна… вечната дружба!“

image Советска карикатура од 1949 год. „Кој смее да се меша во грчките работи“.

image

„Западна“ карикатура за Сталин.

Ако Сталин имал атомско оружје во 1945-та или 1947 година по се изгледа ќе го немаше конфликтот Тито-Сталин, Македонија ќе беше обединета, Тито и Кардељ ќе пртпочитаа федерација со Бугарија и Албанија, а не со Швајцарија и Шведска.


Види: Кардељ повеќе сакал федерација со Швајцарија и Шведска отколку со Бугарија и Албанија!




Гласувай:
1



1. sande - Българите нападат! Вече са в София...
18.03.2012 10:59
Така сърбите в Косово се шегували с по-простите албанци.

Когато работят заедно в учреждение или в някакава фирма. В унисон с титовата пропаганда, че българите са врагове на югославския народ, сърбинът често използвал тази шега.

"Знаете ли най-новото. Българите ни нападат. Вече са стигнало до София."
цитирай
2. cande - Страъхът на Тито най-вероятно бил истински.
18.03.2012 14:45
Страхът не бил само за да се мотвираат лекарите да го одържуваат Тито що подолго во живот. Тито секако имал страх од СССР. Во 1948-мата Тито имал информация оти Сталин нема воено да интервенира во Югославия. Но, настаните во Унгария 1956 г. и во Чехословакия 1968 г. на Тито му внедруваат дополнителне страв од СССР и Варшавскиот пакт.
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 226331
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031