Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
17.03.2012 15:24 - Top Secret – друг Тито
Автор: cande Категория: Политика   
Прочетен: 4287 Коментари: 0 Гласове:
2

Последна промяна: 17.03.2012 21:45


Друг Тито

НИЕ НЕ ЖИВЕЕВМЕ ВО СОЦИЈАЛИЗМОТ,

СОЦИЈАЛИЗМОТ ЖИВЕЕ(ШЕ) ВО НАС!

image

Во средината на 60-тите години од минатиот век поради чудото нарачено телевизор и ние децата зјапавме во тв „дневникот“. Во белградскиот или загребскиот тв-дневник најчесто се говореше за „друг Тито“. Тогаш, како ученик во трето или четврто одделение, занаев само за еден Тито. Ја прашав мајка ми кој е тој „друг Тито“. Одговорот беше: „Нема друг Тито“.

Во петто одделение, кога почанавме да учиме српско-хрватски, конечно ми стана јасно што значи на српски „друг“.

Во трето-четврто одделение, кога ќе го видевме натписот во маалото „Тито – Лазо“, често викавме: „Тито – Лазо, да му ближеш газо!“. Родителите не ни замераа за оваа папагалштина.

Имаше и една друга: „До – ре – ми – фа – ре, Тито е магаре!“ Првата беше хит, а втората само една смешка, која после ден-два се преобрази во: „ти си магаре“, или во: „фа – сол, тече ти мрсол“.

На 15-сет, 16-сет годишна возраст си бев заблуден од култот кон Тито. Но, колку повеќе вистини осознавав за „ликот и делото“ на „најмилиот другар“, толку посилно верував дека тој Тито што го знаевеме од југокомунистичката пропаганда е лажниот, а вистинскиот Тито е оној другиот којшто од 1989 година до ден денес го запознаваме и сеуште достаточно не сме го запознале.

image

image

image

image

image
 

Евро и југоносталгичари.





Гласувай:
2



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 226292
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031