Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Профил на cande
Име:
Сандо Гевгелски

Статистика
Популярни постинги:
0

Постинги този месец:
0

Гласове този месец:
0

Коментари този месец:
0

Любими блогове:
0

Блогъри добавили в любими:
1

Блог вълни:
0
Последни постинги
Видео клип -  пародија за изјавата на кметот на Струмица и потпретседател на СДСМ дека наскоро во Република Македонија ќе се пука.


Категория: Политика
Прочетен: 1255 Коментари: 0 Гласове: 0
Видео клип - пародија за глупирањето на СДСМ во Собранието на Република Македонија.

Бетон пратениците на Бранко Црвенковски и Свети СДСМ ни ја честитаа Новата Година.

Категория: Политика
Прочетен: 1209 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 03.01.2013 14:49

Стара љубов, или брак од интерес?

Едно е сигурно: еден без друг не можат.

 
Категория: Политика
Прочетен: 1001 Коментари: 0 Гласове: 0
Последна промяна: 08.07.2012 12:52

Има и такви кои веруваат, осздаваат верување, дека Хитлер се сретнал со вонзмејани.

Други, верувале или сакале да создадат верување дека Сталин развивал вселенска програма.


 

Многумина во Република Македонија не ни слушнале дека во 1979 г. Бугарија испратила свој космонаут во вселената. А, некои од тие кои слушнале, не веруваат.

Во почетокот на 2012 г. вниманието на јавноста го привлече тврдењето дека Тито на Американците им овозможил да летнат кон вселената. Во тв-емисијата „Во центарот“ новинарот Васко Ефтов тврдеше дека во музејот на НАСА имало некаква строго чувана тајна фотографија на Тито со Американските космоонаути кои први отишле на месечината.

Фотографијата на Тито и Јованка со американските космонаути Нил Амстронг, Едвин Олдрин и Мишел Колинс со сопругите, ја најдов на интернет.

НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ТИТО МОГУ СИ ГО САКАМЕ

Во 1948 г. на пленум на ЦК на КПЈ, Тито ја издава директивата: „Народот треба да се превоспита во социјалистички дух.“


































Снимката што му недостасува на Васко Ефтов за да докаже дека навистина Тито  на Американците им продал вселенска програма со која тие отишле на месечината.

















Категория: Забавление
Прочетен: 2744 Коментари: 2 Гласове: 0
Последна промяна: 28.05.2012 23:08

Титоизам – бабунизам!


До крајот на 1918 г. на руска територија има 180.000 припадници на сојузничката војска – британска, француска, американска, јапонска, италијанска  и грчка, исто така и српски и чешки контингенти и плус 300.000 души антибољшевистички руски сили. Но, никој од Сојузниците не поведува војна за уништување на Ленин и неговите бољшевици. Исклучок е Винстон Черчил, веројатно згрозен од убиството на руското царско семејство на 16.07.1918 г. и од дрскоста на Ленин на 31.08.1918 г. да испрати свои другари да ја нападнат Британската амбасада и да го убијат британскиот воен атеше, капетан Кромби. Черчил огорчен, на членовите на неговиот кабинет им кажува дека Ленин и Троцки треба да се фата и обесат „како објект, врз кој треба да се примени правото, без разлика на тоа колку време ќе ни треба да го направиме тоа. И да се натерат да почувствуваат дека казната ќе стане важен дел од британската политика“.

На 26.11.1918 г. пред своите избирачи Черчил кажува дека бљолшевиците ја водат Русија кон „животинска фарма на варварството“ кадешто владеат со крвави застрашувачки колежи и убиства, извршени во голем степен со кинески егзекуции и блиндирани коли... Цивилизацијата се уништува целосно на оргомно пространство, додека врз руините од градовите и труповите на своите жртви бољшевиците подскокнуваат и лудуваат како стадо диви бабуни“.

На 11.04.1919 г. констатира: „Од сите тирании во историјата, бољшевичката тиранија е најлошата, најразрушувачката и најсрамната.“

Според Черчил,злоделата на Ленин се „неспоредливо поодвратни, во поголем обем и  помногубројни, отколку кое и да е злодело на Кајзерот“.

Во разговор со Лојд Џорџ, Черчил кажува: „Можете со истиот успех да ја легализирате содомијата (сексот со животни), како да сете ги приазнале бољшевиците“.

Во разговор со Х.А.Л. Фишер: „После покорувањето на сите Хуни – тигрите на светот – јас нема да отстапам да ме  победат бабуни.“

Штом режимот на Ленин ќе зајакне, ќе сатне поекспазионистички од царска Русија и „силно милитаризиран“. Но, Черчил во тоа време нема средства за борба против бољшевизмот.

На 21.02.1921 г. на Лојд Џорџ, Черчил му пишува: „Немам никаква руска политика. Не знам никаква руска политика. Јас отидов во Париз да барам руска политика! Јас жалам за отсуството на руска политика.“

Черчил во 1921 г. сепек признава дека не е работа на Западот да го уништи Ленин: „Русија треба да се спаси со руски сили.“ На 14.02.1919 г. Черчил кажува дека и тој за повлекување на британските трупи. „Нашите војски не прават ништо добро во Русија. Тие не знаат за кој и за што, се борат.“

Франција истотака не покажува интерес да ја спаси Русија од Ленин. Французите се заинтересирани за издигањето на новиот сојузник Полска, како голема држава, но и како марионетка на Франција, каква што во одредени временски периоди била Полска за времето на монархиите. Во Лондон, Лојд Џорџ е загржен за јавното мнение: „Единствената помош за распространувањето на бољшевизмот е обидот тој да се угиши. Испражањето наши војници да ги стрелет бољшевиците, значи да се создаде бољшевизам тука.“

Така, после Првата светска впјна и бољшевизмот е прогласен за самоопределување. Но, во Втората светска војна Черчил има „руска политика“, тој е еден од главните протагонисти на политиката против советизацијата на Балканот, а со тоа и против почитуваањето на националните права на Македонците во Грцијa.


 

Во 1944 г. во италијанското гратче Казарета Черчил се среќава со  Ј.Б. Тито.На средбата,  Черчил го прашал Тито, што ќе биде после војната: „сиромав советски чиновник“, или „балкански мангуп, кој на нему својствен начин ќе ги изигрува двете страни“  т.е. Истокот и Западот. Тито одговорил дека ја избрал „независноста на Југославија“.

Откако ќе избие на виделина конфликтот Тито-Сталин во 1948 г., Сталин ќе ги обвини Тито дека е: „подол капиталистички агент“.  Обидот на Сталин физички да го ликвидира Тито завршува неуспешно. Тито го победува Сталин со употеба на Лениновите лекции за контрола на поведнието на поданиците. Добивајки од САД огромни количини на воена, материјална и парична помош, Титовите „бабуни“ ги победиле Сталиновите „бабуни“.


Категория: Политика
Прочетен: 1289 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 07.05.2012 04:53
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 229295
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Октомври, 2024  
ПВСЧПСН
123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031