Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
културно-рекреативна програма
Автор: cande Категория: Политика
Прочетен: 227306 Постинги: 58 Коментари: 63
Постинги в блога от 17.03.2012 г.

„Подлиот американски шпион“ и „тајниот руски агент“ биле првиот човек и првата дама на Титова Југославија.


image

Сеуште е непознато како 28-годишната Србинка Јованка Будусављевиќ станала сопруга на 60-годишниот Тито. Според распространетите верзии се поставува прашањето:

- Во 1951 г. кој ја подметнал младата 28-годишна советската шпионка Јованка Будисављевиќ како љубовница на 60-годишниот Тито?

а.) Алескандар Ранковиќ, тогашен Титов другар и министер за внатрешни работи на Титова Југославија.

б.) Ѓоко Јовановиќ, тогашен Титов другар и началник на КОС (Титовата „Контраобавештајна служба“).

в.) Иван Крајчиќ – Стево, тогашен Титов другар и разузнавачки повереник на НКВД (советската УДБ-а) за Југославија, т.е. агент на КГБ.

г.) Никој, на Тито во 1952 г. му удрила спермата во главата, та сам си ја избра за сопруга.

 image

Според еден Top Secret извештај составен по барање на Претседателството на СФРЈ во 1988 г., од 1974 г. до 1988 г. за Јованка и брачната двојка Броз се расправало на 59 заседанија на највисоки државни и политички форуми. Процесот формално започнал со одлуката на Тито од 21.01.1974 г. да се формира партиска комисија која ќе го проучува „случајот на другарката Јованка“. Но, до ден денешен „досието“ за „случајот на другарката Јованка“ сеуште не е ставено на увид на македонската јавност.


image


Категория: Политика
Прочетен: 1065 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 17.03.2012 21:44

Top Secret – Бугарите напаѓаат!

Тито умирал во страв од советско-бугарска одмазда.
image
Неспорно е: откако лекарите му ја ампутирале ногата, Тито умирал во страв од советско-бугарска одмазда. Спорно е дали херој Тито го чувствувал тој страв поради тоа што бил: „југословенски национал-социјалист, предавник“, или „тројански коњ во меѓународното работничко (комунистичко) движење“.

Авторот на книгата „Тито и другарите“, академик Јоже Пирјевац тврди дека Тито до неговата смрт се плашел од Русите, иако во предсмртната агонија на Тито, СССР немал таков интерес за Тито каков што имал Сталин во 1947-1948 г.

Откако лекарите му ја ампутирале ногата, во предсмртниот час Тито барал да го одржуваат што повеќе во живот, затоа што верувал дека на југословенско-бугарската границите советите и Бугарите манаеврирале со тенкови. Тито, којшто себе си се сметал за единствен компатентен да решава во името на Југославија, барал (читај: наредил) да се превземат сите неопходни мерки за да се спречи советско-бугарската закана (т.е. инвазија) на Титовата „независна Југославија“.

Според академик Пирјевац, Југосалвија во времето на Титовата предсмртна агонија се спасила од советската закана поради интервенцијата на СССР во Авганистан. Демек, советите не сакале да војуваат на два фронта. Но, дали навистина тогаш СФРЈ се спасила од реална советско-бугарската агресија, или сето тоа било само пропагандна војна со која советите и Бугарите го плашеле Тито, сеуште е рано да се каже со сигурност. Додека не се отворат советските и бугарските  архиви „по този в’прос“, секако ќе нема неспорен одговор на прашањето.

На мене поверојатно ми изгледа мислењето оти тогашните разузнавачки и контраразузнавачки тврдења дека СССР воено ќе интервенира во Југославија се резултат на советското сознание за Титовиот страв од советска одмазда и желабата на советите да му ги загорчат последните денови на „сенилниот Тито“. Стравот на Тито од советска одмазда не е без разумна причина. СССР вложил многу во воспоставувањето на Титовата диктаторска власт, а Тито во името на „независноста на Југославија“ на СССР му возврати со антисоветска, пробританска и проамериканска политика, поради што Тито од Сталин беше прогласен за „подол американски агент“.

Откога дознав нешто повеќе за конфликтот Тито-Сталин, мене ме заболе за Титовата „независна Југославија“. Гледано од аголот на македонизмот, за Македонците ќе било подобро да била создадена Јужнословенска или Балканска федерација. Ако го исклучиме фактот што за време на животот на Тито многумина Македонци се чувствуваа како Американци додека летуваа на „Черното Море“, или си ги лечеа простачките комплекси „в’в мајка Б’лгарија“ , не гледам друга „значајна“ загуба за Македонците, доколку нѐ газела советска, наместо југо-комунистичка чизма. Денес македонскиот литературен и говорен јазик, наместо србизиран ќе беше русизиран, ама државните граници на Република Македонија ќе ѝ беа значително поголеми; процентуалната застапеност на македонската етничка заедница во РМ  ќе беше поголема во однос на малцинските етнички заедници… Но, во историјата нема „ако“, односно во историјата како наука нема „што би било, кога би било“. Историографијата се занимава со минатото такво какво што е, независно дали некому му се допаѓа или не.

image

Карикатурата е објавена 1949 г. во советскиот в-к за хумор „Крокодил“. Се имева „Титовиот специфичен пат во социјализмот“. Тито подмишка ја носи Хитлеровата книга „Мојата борба“, џебот му е преполн со долари и оди во дрштво со шпанскиот генерал Франко и грчкиот „монархофашист“. На карикатурата „Ете го патот“ во горниот агол пишува: „Во еден од своите настапи Тито изјавил дека оди по сопствен пат во социјализмот.“

image

Политичката карикатура „Тревога”, публикувана во бугарскиот весник за хумор „Стършел“ од 27.11.1947. На карикатурата се исмева „Западот“ на кој не му се допаѓа зближувањето меѓу Бугарија и Југославија. Српскиот селанац со комунистичка петокрака на титовката (нема капа шајкача) и бугарскиоит селанец си подаваат рака за „вечно дружење“, а „Западот“ заклучува: „О! Ужас! Избувна… вечната дружба!“

image Советска карикатура од 1949 год. „Кој смее да се меша во грчките работи“.

image

„Западна“ карикатура за Сталин.

Ако Сталин имал атомско оружје во 1945-та или 1947 година по се изгледа ќе го немаше конфликтот Тито-Сталин, Македонија ќе беше обединета, Тито и Кардељ ќе пртпочитаа федерација со Бугарија и Албанија, а не со Швајцарија и Шведска.


Види: Кардељ повеќе сакал федерација со Швајцарија и Шведска отколку со Бугарија и Албанија!

Категория: Политика
Прочетен: 2066 Коментари: 1 Гласове: 1
Последна промяна: 19.03.2012 16:52

Антиквизацијата во крајот на 70-тите години од минатиот век.

 image

На сајтот од каде ја превзедов карикатурата, таа не точно датирана. Се претпоставува дека е создадена при крајот на 70-тите години. Карикатурата вниманието ми го привлече поради тоа што го одречува словенскиот карактер, не само на современите Македонци, туку и на современиете Бугари, кои се преставени како „Македнци и Тракијци“.  Сетне, не сум  гледал досега македонистичка карикатура која Титова Југославија ја претставува како непријател на Македонија. Другото на карикатурата е редовна македонистичка шема – Бугарите се најомразените непријатели на Македонците.

Ако сакаш да јавиди карикатурата во поголема резолуција кликни тука Digital Library SU ‘St.Kliment Ohridski’.


Категория: Политика
Прочетен: 1029 Коментари: 0 Гласове: 0

Друг Тито

НИЕ НЕ ЖИВЕЕВМЕ ВО СОЦИЈАЛИЗМОТ,

СОЦИЈАЛИЗМОТ ЖИВЕЕ(ШЕ) ВО НАС!

image

Во средината на 60-тите години од минатиот век поради чудото нарачено телевизор и ние децата зјапавме во тв „дневникот“. Во белградскиот или загребскиот тв-дневник најчесто се говореше за „друг Тито“. Тогаш, како ученик во трето или четврто одделение, занаев само за еден Тито. Ја прашав мајка ми кој е тој „друг Тито“. Одговорот беше: „Нема друг Тито“.

Во петто одделение, кога почанавме да учиме српско-хрватски, конечно ми стана јасно што значи на српски „друг“.

Во трето-четврто одделение, кога ќе го видевме натписот во маалото „Тито – Лазо“, често викавме: „Тито – Лазо, да му ближеш газо!“. Родителите не ни замераа за оваа папагалштина.

Имаше и една друга: „До – ре – ми – фа – ре, Тито е магаре!“ Првата беше хит, а втората само една смешка, која после ден-два се преобрази во: „ти си магаре“, или во: „фа – сол, тече ти мрсол“.

На 15-сет, 16-сет годишна возраст си бев заблуден од култот кон Тито. Но, колку повеќе вистини осознавав за „ликот и делото“ на „најмилиот другар“, толку посилно верував дека тој Тито што го знаевеме од југокомунистичката пропаганда е лажниот, а вистинскиот Тито е оној другиот којшто од 1989 година до ден денес го запознаваме и сеуште достаточно не сме го запознале.

image

image

image

image

image
 

Евро и југоносталгичари.


Категория: Политика
Прочетен: 4289 Коментари: 0 Гласове: 2
Последна промяна: 17.03.2012 21:45
17.03.2012 15:08 - Љубичица бела

Од „најчуваната тајна на бившата држава“ имало уште почувани тајни.

image
Другар Тито, темјанушка бела, тебе те сака вселената цела.

image

image
Јованка Броз фатила „голема риба“.

image

Главатарот на СССР Леонид Брежњев и Јованка Броз.

image

„Избезумена од љубомора Јованка се заканила: Ако масерките Дарјана и Радојка не се тргнат од Тито, ќе направам масакар!“ - Демек, ова била најчуваната тајна во бовшата ни држава, ама сега излегува дека уште почувани тајни биле тоа што Тито на Американците тајно им продал суперсоничен советски авион МиГ 15 и ги одвел Американците на месечината.

Тито им ја продал тајната за Миг 15 на Американците!


image

„Колку повеќе клевети и лаги, толку повеќе Тито си го сакаме“ - титоистичка парола од 1948-мата година, т.е. од времето на „Информбирото“ (судирот Тито-Сталин).

image
Жив е бантидот, мртов сеуште не е.

Kenedi prodao Titu program radničkog samoupravljanja

 
Категория: Политика
Прочетен: 988 Коментари: 0 Гласове: 0

БАЛКАНСКИ МАНГУП, ИЛИ ИМЕРИЈАЛИСТИЧКИ АГЕНЕТ?

image

Насловната на „Вјесник“ од 22.07.1945 г., Загреб

 

1948 година е година која ќе се памети по многу настани, по:

-          „Титовото историско НЕ“ на советицазијата на Балканот, т.е. Титовото  одбивање на Сталиноватата политика за надминување на спорот меѓу Тито и Георги Димитров за федеративно или конфедеративно југословенско-бугарско интегрирање  (т.е. по определбата на југословенските комунистички главатари да ја поведат Титовата раја „по специфичниот Титов пат“ во комунизмот);

-          Сталиновото прогласување на Тито за „империјалистички агент“;

-          создавањето на Титовиот концлогор на смртта „Голи Оток“;

-          донесувањето на Универзалната декларација за човекови права од Генералното собрание на Обединетите Нации;

-          и, според најновите откритија, дека Тито, после судирот со Сталин, во 1948 г. почнал да развива сопствена вселенска програма, наводно врз основа на тајни записи на словенечкиот инженер Херман Поточник (Пула, 1892 – Виена, 1928).

Според оваа откритие: „Тито во воената база Жељава го изградил најголемиот таен подземен вселенски центар во Европа“. Наводно, при крајот на 1960 г. Централното американско разузнавање (CIA) открило дека Тито има оперативна технологија за лет во вселената, а Тито таа технологија им ја продал на САД, по што, во 1961 г. (т.е. по вивнувањето на Јуриј Гагарин во вселената), американскиот претседател Кенеди објавил дека САД планираат лет на месечината.

 

 

Da nije bilo Josipa Broza SAD nikada ne bi otišle u svemir

TITO ODVEO AMERE NA MESEC

 

image

Јосип Броз Тито пропагандно покажувал дека се интересирал за ракетната технологија.


image

image

image

image

image

Мајка Титославија

 

 

 
Категория: Политика
Прочетен: 5457 Коментари: 0 Гласове: 1
Последна промяна: 17.03.2012 14:51
Търсене

За този блог
Автор: cande
Категория: Политика
Прочетен: 227306
Постинги: 58
Коментари: 63
Гласове: 30
Архив
Календар
«  Март, 2012  >>
ПВСЧПСН
1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031