Прочетен: 8410 Коментари: 15 Гласове:
Последна промяна: 24.01.2011 17:39
Бранко Европски се пишмани што собра некакви дневно политички поени кревајки врева пртив „спомениците“. Не крие дека и тој посакува да се вклучи во создавањето на културното наследсвто што сега се нарекува Проект Скопје 2014-та. Кога пак ќе станел премиер Бранко Европски ќе ја менувал содржината на Проектот Скопје 2014-та. Ќе го задржел тоа што било добро, а тоа што било лошо ќе менувал.
Ако Проектот Скопје 2014-та има за цел симболично да ја раскаже македонската историја за етнодиференцирањето од соседните народи и македонската историја за создавањето на самостојна држава, тогаш овој проект треба да се надополни со споменици кои ќе ја претставуваат и најновата македонска историја. Токму затоа, предлагам три измени и дополненија на Проектот Скопје 2014-та:
1. Поставување на комплекс од СПОМЕНИЦИ НА БОРБАТА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ.
2. Поставување СПОМЕНИК НА БОРБАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ.
3. СПОМЕНИК НА МЛАДАТА МЕКЕДОНСКА ДЕМОКРАТИЈА.
Разбира се, без соодветен закон не може да се изградат соодветните споменици.
Во времето на владеењето на мудрецот Глигоров и државникот Бранко, во Република Македонија заживеа Октоподот кој со своите пипала држеше се што може да докопа, телевизиите, весниците, стопанството, судтсвото, полицијата, армјата, болниците, дури и припадници на опозицијата, заради што најпрво ни беше чудно кога Октоподот ги гушна и Љубчо и Циле.
Во нашата колективна меморија длабоко е вржано сеќавањето кој беше најхрабриот и најсилниот борец против злото наречено Октопод.
Во таа епска борба против Октоподот Бранко Европски прописно им го заеба животот на бандитите во приватизацијата кои го ограбуваа обесправниот народ.
Заедно со мудрецот Глигоров, Бранко Европски им ја расплака мајката не само на бандитите што ги украдоа „старите девезни заштети“ на измамениот народ, туку Бранко Европски им ја расплака мајката и на бандитете од пирамидалните штетдилници кои ги крадеаа заштедените пари на наивните граѓани што наседнале во измамата наречена „менаџер на годината“.
Во незаборавната борба против организираниот криминал, Бранко Европски и Свети СДСМ прописно им го заебаа животот на сите оние кои алчно си ги полнеа торбите со пари во шверц-комерцот за потребите на Милошевиќ, а на штета на меѓународниот углед на Република Македонија.
И во тие тешки мигови на безпоштедна борба против Октоподот, додека едни шверцуваа нафта во вагони, други шлепери со цигари, кашкавал на тони, сѐ и сешто, дрога и бело робје, Бранко Европски грижејки се за исчезнувањето на „средната класа“ им даваше надеж и на гладните и измрзнати „мравка туристи“ (кои шврецуваа штека-две или рало фармерки) дека еден ден ќе бидат „среќни, врабoтени и богати луѓе“.
Каква хуманост, какво човекољубие покажа Бранко Европски во борбата против Октоподот кога прописно им го заеба животот на сите оние кои живеаа на виско нога од мито и поткуп во корупциските шеми во судството, во полицијата, царината, во болниците…
Во својата безпоштедна борба против Октоподот Бранко Европски на мислеше на себе, тој постојано се грижеше за армијата невработени, за тутунарите, за млекарите, за оризарите – на кои им ветуваше „сигурен откуп на оризот“.
Бранко Европски не му дозволи на Октоподот ниту со едно свое пипало да биде гарант во спроведувањето на Рамковниот договор.
Хероите од Свети СДСМ на чело со Бранко Европски во борбата против Октоподот не мислеа на себе кога ги амнестираа невините сопартијци кои беа обвинети дека се криминалци.
Принципите на пазарната економија, Правилото на владеењето на правото, заедно со Демократијата и Човековите права и слободи, никогаш нема да му ги заборават добрините на Бранко Европски што тој им ги направи во неговата безкомпромисна борба портив Октоподот кој со своите грозни пипала ја гушеше нашата млада држава.
Досега кажаното е само еден дел од заслугите на Бранко Европски во борбата против организираниот криминал. За придобивките од Бранковата борба против Октоподот може да се зборува уште многу, да се напишат томови и томови книги.
КОМПЛЕКС СПОМЕНИЦИ НА БОРБАТА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ
Споменик на Свети СДСМ во Градскиот парк во Струмица.
Споменик на Свети СДСМ на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Во „Музејот на најзначајните политичари и државници на 20-ти век“ поставување на восочна фигура на Бранко Европски како со „чисти раце“ му ги вади џарџаначките на Октоподот.
Споменикот „Бранко Европски го убива злото“ може да биде поставан од левата или десната страна на Камениот Мост, во зависност од вкусот на граѓаните.
02.12.2011 20:40
других регионов и областей РФ исключительно коммерческие, помните об этом.
19.10.2012 18:28
19.10.2012 23:03
20.10.2012 10:38
22.10.2012 05:12
22.10.2012 23:31
23.10.2012 01:17
24.10.2012 10:42
24.10.2012 15:06
25.10.2012 01:22
25.10.2012 11:33
26.10.2012 05:54
26.10.2012 08:14
30.10.2012 04:47
30.10.2012 05:56